Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Се подготвува национална стратегија за справување со популацијата на кучиња

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со експерти, претставници на локалните самоуправи и заинтересирани субјекти подготвуваат национална стратегија за справување со популацијата на кучиња во земјава. Ангажманот за изработка на стратегијата јавно го поздрави и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски според кој проблемот со кучињата скитници треба да се решава бидејќи е загрижувачки. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со експерти, претставници на локалните самоуправи и заинтересирани субјекти подготвуваат национална стратегија за справување со популацијата на кучиња во земјава.

Ангажманот за изработка на стратегијата јавно го поздрави и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски според кој проблемот со кучињата скитници треба да се решава бидејќи е загрижувачки.

-Ние сме одговорни за донесување политики и затоа треба да се соочиме со проблемот без да лутаме низ регулативите и надлежностите. Како град почнавме да го решаваме овој проблем со формирање на прифатилиштето „Хачико“ кое функционира и обезбедува хуман третман. Како локална самоуправа соработуваме со ветеринарните друштва и граѓанскиот сектор бидејќи имаме заеднички интерес, а тоа се безбедни граѓани и згрижени кучиња скитници. Но, често пати се случува граѓаните несоодветно да хранат кучиња пред зградите или пак во претпријатија како што на пример се случува во РЕК Битола каде се евидентирани 72 кучиња, а и на други места. Проблемот не се решава со декрет, туку системски и секој во својот ресор да помогне бидејќи проблемот е заеднички. Битола има проблеми и со непрописно чување на домашни животни, во близина на градот има бачило каде се чуваат кози, одредени лица чуваат коњи и за тоа АХВ треба помогнат бидејќи граѓаните не ги интересира кој е надлежен, туку проблемот да се реши, посочи градоначалникот Коњановски на денешната јавна дебата во Битола.

Реклама

Според Ангела Грујовска, вработена во АХВ во одделението за благосостојба на животни, изработката на стратегија за справување со бедомната популација на кучиња и мачиња треба да биде заеднички теренски документ на сите плански региони во земјава.

-Сакаме да добиеме конкретни информации и резултати кои ќе доведат до намалување на бездомната популација, а со тоа и безбедно живеење на граѓаните во однос на јавното здравје но и благосостојба на самите животни. На оваа тема се работело во повеќе наврати, а сега работиме плански да се справиме бидејќи проблемот ескалира. Досега не е вршено пребројување на бездомната популација, но сакаме да почнеме токму од таму, од пребројувањето по региони, а потоа да дејствуваме со крајна цел да нема бездомни кучиња и мачиња во општините, нагласи Грујовска.

На јавната дискусија во Битола, универзитетскиот професор Влатко Илиески од Ветеринарен факултет во Скопје, посочи дека акцент во новата стратегија ќе биде ставен на контролата на размножувањето на кучиња, а тоа значи дека сите сопственици што ќе одлучат нивните кучиња да не се стерилизирани, ќе треба да бидат под одреден надзор на ветеринарната професија и со цел да се следи новиот број на кучиња.