Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Лефков: Вистинското лице на СДСМ е афери, скандали, тендери и криминал, Богац уапсен поради сомнение дека местел тендери

Поранешниот потпретседател на СДСМ и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. На сајтот на јавни набавки се гледаат неколку тендери за оваа намена […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот потпретседател на СДСМ и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

На сајтот на јавни набавки се гледаат неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил Богоев. Повеќето ги добиле јавни претпријатија, а два тендери кои ги добила битолска фирма се со највисока вредност и во износ од околу 350 илјади евра.

Поранешниот претседател на СДММ и дете израснато од Зоран Заев кој во дадени моменти се заговараше и дека треба да го наследи, според обвиненијата наместил тендери заедно со уште едно лице Александар Спирковски викан Џемо од Прилеп, инаку поранешен претседател на ОО на СДСМ.

Реклама

Џемо инаку е лице кое во Прилеп плаќаше луѓе за да гласаат за СДСМ, лице кое тепа сограѓани сред бел ден и за тоа не одговара. Претходно тој беше и приведен како дел од аферата со прилепската болница кога Основното јавно обвинителство отвори истрага за финансиското работење во болницата.

Ова е вистинското лице на СДСМ. Афери, тендери, рекети и криминал. Одговорност за криминалите на СДСМ мора да има!

Линк од видео материјал: