Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан, „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, се одржува денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Македонија. Видеото може да го погледнете на следниот линк: Целта на оваа конференција е да се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан, „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, се одржува денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Македонија.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката улога на спортската дипломатија во унапредувањето на националните интереси, зајакнувањето на меѓународната соработка и подобрувањето на регионалната поврзаност. Настанот ќе се фокусира на современите политики, практики, предизвици и идни можности поврзани со користењето на спортот како дипломатска и развојна алатка.

Реклама

Во рамките на самитот ќе биде официјално промовиран и Western Balkan Sport Diplomacy Hub – регионална иницијатива, која има цел да ја зајакне соработката помеѓу олимписките комитети од регионот и да ја унапреди улогата на спортот како алатка за дипломатија, меѓународна соработка и градење мостови помеѓу народите.

Настанот ќе обедини претседатели и генерални секретари на олимписките комитети од земјите од Западен Балкан и поширокиот регион, како и девет амбасадори и високи институционални претставници, кои преку две панел-дискусии ќе разговараат за современите предизвици, политики и перспективи на спортската дипломатија.

Посебен момент на самитот ќе биде свеченото потпишување на документот за воспоставување на регионалниот центар за спортска дипломатија како заедничка иницијатива на олимписките комитети од Западен Балкан.