Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Изборните реформи влегуваат во фаза на разгледување на предлозите од политичките партии и институциите

Во Министерството за правда денеска се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство. Седницата, како што се наведува во соопштението од министерството, помина во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за правда денеска се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство.

Седницата, како што се наведува во соопштението од министерството, помина во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки од политичките партии, институциите, регулаторните тела и граѓански иницијативи.

Министерството за правда нагласува дека останува целосно посветено на водење инклузивен, транспарентен и консултативен процес, чија крајна цел е донесување на современо, функционално и европски усогласено изборно законодавство кое ќе обезбеди фер, демократски и кредибилни изборни процеси.