Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Изградена пристапна улица до штипската Индустриска зона Македонка

Се изгради пристапна улица до дел од Индустриската зона „Македонка“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека компаниите во оваа зона инвестирале во земјените работа на улицата, а додека Општината беше задолжена за асфалтирањето. Инвестицијата, која се реализира од буџетот на општина Штип  е во вредност од 3,2 милиони […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се изгради пристапна улица до дел од Индустриската зона „Македонка“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека компаниите во оваа зона инвестирале во земјените работа на улицата, а додека Општината беше задолжена за асфалтирањето. Инвестицијата, која се реализира од буџетот на општина Штип  е во вредност од 3,2 милиони денари. Јорданов посочи дека со денешните активности се исправа една неправда, која е нанесана во минатото кон правните субјекти од Индустриската зона во Македонка. 

-Имено минатото кога е градена Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) и кога е поставувана водоводната инфраструктура и инсталација била практично уништено инфраструктурата и пристпната улица до оваа Индустриска зона. Долги години наназад правните лица, сопствениците на капитал во Индустриската зона комуницирале за да изнајдат решение за проблемот, со кој што се среќавале. Но, еве дојде редот да ја исправиме таа неправда-вели Јорданов. 

Штипскиот градоначалник Јорданов истакна дека оваа зона очекува да се развива, како и компаниите кои работат во неа и како што рече како локална самоуправа секогаш стојат на располгање да дадат поддршка во изградбата на инфраструктурата.