Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Здравје

Даниловски: Оставете ги децата во кал, имунитетот се гради преку постојан контакт со микроогранизми

Градинките и училиштата вријат од бактерии и вируси. Преполовени групи и полни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градинките и училиштата вријат од бактерии и вируси. Преполовени групи и полни редици пред амбулантите. Вакво нешто не сме виделе одамна, сведочат нашите извори.  Oчекувано е, коментираат докторите. Живеењето во стерилни услови, стравот од зарази и последиците од панедемијата наметнаа нов начини на живот. А данокот  го плаќаат децата.

–Тоа што го гледаме е последица на т.н. направен имунитетен долг.  Децата беа држани во стаклено ѕвоно па немаа можност да стапат во конткат со вообичаните респираторни вируси затоа што се се дезинфицираше, се носеа макси се избегнуваа гужви и дечињава останаа ускратени и осиромашени од тоа нивниот имунолошки систем да се поттикнува онака како што е вообичаено. Затоа што во првите две години се јакне и се гради цврст имунолошки систем. Тогаш се поставуваат темелите потоа понатаму е само надградба, објаснува епидемиологот Д-р Драган Даниловски.

Нашиот имун систем се гради преку постојан контакт со микроогранизми. Колку почесто се изложуваме на бактерии и вируси, толку поцврст нашиот имунолошки систем станува. Потребна е интеракција а не изолација, објаснува Даниловски.

Реклама

–Има една мисла вели, здравјето е во нечистотијата. Оставете ги децата во кал. Не се тресете над нив. Не инсистирајте постојано да мијат раце, после одење во тоалет секако дека тоа мора да се направи. Но едноставно во нечистотијата, во калта на пример, нема патогени микроорганизми. Има такви какви што не предизвикуваат болест а кои сепак во конткат со огранизмот ако се вдишат или проголтаат предизвикува реакција на имунолошкиот систем и негово стимулирање и јакнење, објаснува Даниловски.

Освен ваквиот начин на јакнење и градење на имунитет, новороденчето од мајката добива т.н пасивен имунитет преку мајчиното млеко. Мајката така го пренесува имунитетот која што таа го стекнала во текот на нејзиниот живот. За време на пандемијата цели бремености беа носени во изолација, па на овие бебиња дополнително им беше скратен дел од  т.н. пасивен имунитет.

Анастасија Илиевска