Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

25 милиони евра инвестиции за модернизација и зелени инвестиции во стопанството

Инвестиции во зелена економија за поголем извоз и конкурентност на европскиот пазар.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиции во зелена економија за поголем извоз и конкурентност на европскиот пазар. Македонското стопанство е пред предизвик да се прилагоди на еколошките стандарди кои во наредните години ќе станат услов за поголемо присуство на пазарите на ЕУ. Таканаречениот Зелен договор кој веќе е на сила во ЕУ, за домашното стопанство значи обврска за инвестиции. За полесно и побрзо да се прилагодиме на потребните стандарди, државата за прв пат обезбедува грантова поддршка во износ од 25 милиони евра. Парите се добредојдени, особено ако се имаат во предвид апелите на бизнис заедницата која низ годините бараше конкретна поддршка за ова:

Многу пати јас како претседател на ССКМ, сум истакнал дека грантовите шеми се особено значајни особено во инвестирањето на самите компании. Сигурен сум и постојат компании кои што апсолутно ќе можат да ги апсорбираат овие средства кои што апсолутно ќе инверстираат во насока на зелената трансформација , Голем дел од компаниите ова го прават самостојно, така што ова ќе претставува само еден катализатор кој ќе овозможи уште посилни инвестиции, уште поголема продуктивност уште поголема стандардизација иконкурентност на самите компании. Постојат компании, ќе случува тоа само потребно е да постојат повеќе вакви грантовни шеми односно вакви финансиски линии кои ќе можат да помогнат да се случува тоа“, рече Горан Ѓорѓиевски Претседател на Сојузот на стопански комори.

Дел од стопанствениците сметаат дека е потребно да се работи и на вмрежување на државните институции со стопанските комори и сите релевантни чинители за подобри резултати.

Реклама

Верувам дека со аплицирање и со воведување на такви стандарди секако ќе се отворат вратите за европските пазари и сигурно знаете дека има високи стандарди таму во тој дел и секако дека доколку не се посториме кон зголемување  на извоз, економијата нема да има прогрес кој што би требало да го имаме, споредбено со растот кој го гледаме во државите во регионот, изјави Дурим Зекири, директор на Комората на Севрерозапдна Македонија.

За поголема ефикасност од Коморите сметаат дека се потребни и механизми за следење на поддршката.

Нашиот став е да има повеќе средства од државните институции како што е и институцијата за финансиска поддршка на инвестиции, но сепак да има механизми кои што ќе овозможат институциите, но и стопанските комори зошто не да имаат пристап до информациите кои и колку и кој е е ефектот на тие средства, со цел да се подобриме во искористувањето на јавните буџетски средства“, вели Дурим Зекири, директор на Комората на Севрерозапдна Македонија

Ваков тип на државна поддршка имало и во минатото, но со многу помал обем. За прв пат, со овие средства се опфаќаат речиси сите сегменти во работењето на компаниите , од намалување на јаглеродниот отпечаток, преку зголемување на продуктивноста, до обезбедување мерливи и проверливи податоци за исполнување на стандардите за одржливост.