Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје (КХС) подигнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје (КХС) подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари, информираат од јавното градско претпријатие.

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како што велат, минатата недела изготви 19 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто по шест записници се врачени на територијата на скопските општини Чаир и Карпош.

-ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изврши целосно расчистување на теренот по обемната сообраќајна незгода лоцирана на главната улица во општината Ѓорче Петров, како и чистење и посипување со песок во непосредна близина на маркетот „Томи“ во општината Кисела Вода, каде што беше забележано излевање на големо количество масло на коловозот, прецизираат од КХС.

Реклама

Апелираат да престане масовното одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини што, посочуваат, директно ја загадува животната средина и го загрозува јавното здравје.

-Апелираме мешаниот комунален отпад да се одлага исклучиво во наменски поставените садови, додека Претпријатието продолжува на граѓаните да им ја нуди можноста својот кабаст отпад бесплатно да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, од 07 до 19 часот, нагласуваат од КХС.