Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Јакимовски за Алфа: Растот на градежништвото ќе влијае позитивно на уште 27 индустрии

Растот на градежниот сектор е главен двигател на растот на македонската екомија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на градежниот сектор е главен двигател на растот на македонската екомија, сметаат градежниците. Актуелните бројки говорат во насока дека државата ќе има добар економски раст годинава, бидејќи со актуелните и новите најавени проекти, покрај градежништвото ќе растат уште 27 други индустрии кои се поврзани со овој сектор, со што се додава дополнителна вредност на инвестициите.

„Со промена на самата влас и отпочнување на посериозните проекти кои што беа отпочнати, беа во завршна фаза, се отпочнаа нови, директната помош која што ја направи Владата во однос спрема општините за инвестирање на инфрастуктурни проекти во однос на водовод, канализација и се останато кое што е потребно за развој на самите општини, во прва фаза допринесе за и раст на севкупната економија и придвижување на секторот градежништво. За било кој бизнис за да има раст потребен е континуитет. А, особено во градежниот сектор, затоа што проектите се работат на подолг временски период и потребно е екипирање кое што треба да се задржи со текот на годините, не тоа нешто што не е еднократна активност“, изјави Ивица Јакимовски, претседател на комората на градежници при Сојузот на стопанските комори.

Според градежниците, од март, со почетокот на градежната сезона, растотот ќе биде сугурно поголем од моменталните 21 процент, кој го обелодени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според Николоски, ова е историски раст во оваа гранка, но градежниците се убедени дека до крајот на годината може да се сруши овој рекорд. Воедно, градежниците побараа и посилни инвестиции во енергетскиот сектор, а не само во индустриските зони, бидејќи и тоа е многу важен сегмент за вкупниот раст на економијата и за нив како сектор. 

Реклама

„Моментот кој што е развој во инфраструтктурни проекти, енергетски и капацитети во однос на енергетиката е исто предобра можност и насока да ние се стабилизираме долгорочно со тоа и предвидливоста во однос на трошоците кои што се во енергетскиот сектор имаат стабилност, имаат континуитет подолгорочен“ додаде Јакимовски.

Градежниците се убедени дека во годините што престојат, повторно секторот ќе се врати на голема врата, бидејќи има најави за нова подземна инфрастуктура во локалната власт, изградба и реновинрање на железничките коридори кои се директно поддржани од државниот буџет или преку грантовите линии кои го обезбедила Владата.