Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Прилози

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Речиси два милиони патници за само половина година – македонските аеродроми со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси два милиони патници за само половина година – македонските аеродроми со рекорден раст. Во првата половина од 2026-та низ аеродромите во Скопје и Охрид поминале речиси два милиони патници, што претставува раст од 28 проценти во споредба со истиот период лани. Зголемениот интерес за авио сообраќајот се должи и на отворањето нови директни авиолинии, кои придонесоа за поголем број летови. Од јануари до јуни биле реализирани повеќе од 13 илјади летови, за 7,6 проценти повеќе од лани. Министерот за транспорт се гордее со овие бројќи и очекува до крајот на оваа година за прв пат аеродромите да ја надминатат бројката од 3 ипол милиони, а целта се четири милиони патници, до која, според Николоски брзо ќе стигнеме. 

„И скопскиот и охридскиот аеродром се најбрзорастечки во својте категории во регионот и тоа ќе продолжи да биде така. Јас сум многу горд на оваа политика, имаме 28 нови дестинации. Во текот на кризата која што беше предизвикана за време на војната во заливот скоро и да не се почуствува кај нас. Дополнително со керозин од скопскиоот аеродреом се снабдуваше и аеродромот во Приштина, делумно и аеродромот во Ниш, така што покажавме дека можеме да ги развиваме двата аеродроми и одиме кон повисоки цели.“– вели министерот за транспорт Александар Николоски.

Позитивниот тренд продолжил и во јуни. Само во овој месец, двата македонски аеродрома опслужиле 15,6 проценти повеќе патници во споредба со јуни минатата година. Според податоците на ТАВ, во првите шест месеци,  како најфрекфентни дестинации се покажал Истанбул, а потоа Минхен, Базел, Дортмунд, Цирих и Франкфурт.

Реклама

Остануваме фокусирани на создавање нови можности за раст, проширување на мрежата на дестинации и обезбедување квалитетно патничко искуство, со цел македонските аеродроми да продолжат да ги надминуваат очекувањата и во наредниот период.“ вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Статистиката покажува дека Меѓународниот аеродром Скопје во првите шест месеци од годинава опслужил 28,6 проценти повеќе патници отколку во истиот период лани, додека бројот на летови е зголемен за 6,5 проценти. Охридскиот аеродром пак, бележи раст од 18,2 проценти со 122.638 превезени патници, а бројот на реализирани летови достигнал 907, што претставува зголемување од 26 проценти.

Најмногу директни летови од Скопје има кон Германија, Турција, Швајцарија, Италија и Шведска.