Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Размената на податоците од пензиското и инвалидското осигурување меѓу Македонија и Италија треба да се подобри и модернизира

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денеска оствари средба со Александар Појразов, претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците во Италија од Пјаченца, и директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, и Билјана Костова.

На средбата стана збор за проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани во остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување во Република Италија и во Македонија, како и за начините за нивно надминување, соопштија од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.

Претседателот на Сојузот, Појразов, рече дека голем број осигуреници имаат проблем поради тоа што размената на податоците се одвива бавно, по пошта, се чека со месеци, а се случува тие и да не стасаат на одредената адреса. Исто така, Појразов додаде дека тешкотии има и во доставувањето на потврдите за живот и за потврдувањето на стажот на осигурениците во двете држави.

Реклама

– Фондот е отворен за соработка и преземање активности за подобрување на комуникацијата во размената на податоците од оваа област меѓу Македонија и Италија, со цел подобро остварување на правата на осигурениците, што е во интерес на двете држави – нагласи директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Мемов.

Тој рече дека службите во Фондот ќе ги разгледаат сите законски можности за да се најде решение на проблемот со размената на податоците. 

Според Мемов, најдобриот начин за тоа е потпишување договор за електронска размена на податоците со Фондот за пензиско и социјално осигурување на Република Италија во наредниот период. 

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Ангело, рече дека ќе помогнат во остварувањето на соработката и директните контакти со иселениците и надлежните институции во Италија. Во тие рамки ќе бидат договорени посети на македонските иселеници во Италија, чиј број е над 150 илјади граѓани. 

Посетите ќе бидат реализирани до крајот на годината или почетокот на 2027 година. 

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување има склучено билатерален договор со организациите за социјално осигурување на Република Австрија, како и договори со фондовите и заводите за пензиско и инвалидско осигурување на поранешните југословенски републики – стои во соопштението.