Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Продолжуваат обвинувањата за Трендафилов за смислена шема за чистење на неистомислениците

Префрлување на вработениот од фирмата Син АГ во ССМ и потоа откази.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Префрлување на вработениот од фирмата Син АГ во ССМ и потоа откази. Ова било правилото кое го применувал Слободан Трендафилов за чистење на неистомисленици, велат поранешните вработени од компанијата која ја формирал синдикатот пред 36 години. Целта на Син АГ била стопанисување со недвижностите на Сојузот на синдикатите. На тој начин компанијата остварувала приходи и била независна од синдикатот, кој се финансирал од членовите и учества во разни проекти. Поранешниот вработен Љупчо Димовски, кој во Син АГ работел повеќе од 20 години, ги потврдува овие информации кои и Алфа ги доби од негови колеги. Димовски ја напуштил компанијата порано.

„Ме известија колегите дека се префрлени горе, иако имаа договор на неопределено, го им направи договор по 6 месеци. По завршувањето на договорот, на договорот, веќе луѓето ги напуштија“, изјави Љупчо Димовски.

Според Димовски, покрај проблемот со исплата на плати кој настанал по преземањето од страна на новото раководство на синдикатот, дополнително раководните лица немале ниту емпатија кон вработените.

Реклама

„Причината за мене, за моето бркање, беше имав потреба да земам… тоест да се заменам со колега. Да заминам дома, имав проблеми со моето семејство, со моите дечиња. Требаше да се заменам, дојде мојот колега да ме замени. Тоа беше некаде околу 13-14 часот да ме замени до 19 часот да заминам. Меѓутоа со управителот се сретнаа на паркингот и му кажав на управителот се… доаѓаше на работа, доаѓам да го… вика, да го заменам Љупче бидејќи има потреба да оди дома, со децата проблеми, вика да го заменам. Тоа не дозволи да се замениме и си останав на работното место и од следниот ден на огласната табла закачено забрана за… забранет влезо за мене повеќе во зградата“, додаде Димовски.

Баравме став и мислење од претседателот на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов, но и денес не успеавме да го добиеме. Неколку пати телефонски го баравме, а воедно му пративме порака на Вибер, но и денеска не нè удостои со одговори.