Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени, Серафимовски ги поддржа, најави состанок со откупувачите и преработувачите

Производителите на црвена пиперка ајварка од Струмичко денеска со блокада и протест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Производителите на црвена пиперка ајварка од Струмичко денеска со блокада и протест пред Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени кои беа договорени на 12. овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Серафимовски кој изјави дека договорените услови за откуп на пиперката мора доследно да се почитуваат.

Според земјоделците изминатите денови откупувачите не се придржувале до договорените откупни цени и вршеле откуп по 20 денари на пиперка од прва класа.

-Прво падна на 25 денари наместо да се откупува по 40 денари за килограм, а денеска пиперката се откупува по 20 денари. Тоа е срамно, така не било. Сите цени се зголемени – нафтата, семенските материјали, репроматеријателите, а ние работиме за џабе. Само два дена се откупуваше по договорената цена, изјави Илија Витанов, земјоделец од село Добрејци.

Реклама

Земјоделците додаваат дека со намалените откупни цени не можат да ги покријат производствените трошоци.

-Во споредба со лани откупните цени се преполовени. Во гајба прва класа беше 55 денари, а за фабриките беше 45 денари, а сега што правиме, рече земјоделецот Џоко Темелков.

На протестот на земјоделците од Струмичко присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски заедно со градоначалниците од Струмичкиот регион и Државниот инспекторат за земјоделство. По скоро два часа разговор со земјоделците, кој на моменти беше тензичен, министерот во изјава за медиумите истакна дека досега од страна на Инспекторатот нема забелешки за констатирани неправилности при откупот, односно инспекторите биле постојано на терен и го следеле откупот.

-Затоа, денеска на оваа средба добивме информација и уверување од страна на земјоделците дека договореното не се почитува од страна на откупувачите и тоа за нас е серизона работа, зашто сметаме дека е нарушен договорот. Доколку е така, ние повторно ќе ги преиспитаме сите откупни центри и преработувачите дали откупот се врши по договорените цени или има некакви отстапувања и зошто се тие отстапувања. Ние сме медијатори во овој процес и ги следиме и едните и другите и сакаме да видиме дали има доследно почитување од двете страни, рече Серафимовски.

Тој за утре најави состанок со откупувачите и преработувачите.

-Значи, сакам да повторам, иако земјоделците ме прашуваат дали од утре ќе биде истата цена, јас како ресорен министер не ја определувам откупната цена, државата не ја определува,  тоа е пазарна работа, но затоа ќе седнеме со откупувачите кои, всушност, ја определуваат цената, односно преработувачите. Од утре бараме состанок и ги согледуваме сите работи на маса. Она што беше договорено треба да се испочитува. Маката на земјоделецот, трудот кој што го има вложено треба да се наплати и затоа сме овде денеска со нив. Тие не повикаа на денешниот протест, дојдовме, разговаравме, ги согледавме  сите состојби и тука сме за да бараме решение, посочи министерот Серафимовски.

Потенцираше дека меѓу земјоделците се случуваат работи кои не се во нивна корист, односно имало поттикнување на незадоволството и одредени работи со некаква поддршка, вели, од страна на одредени поединци, кои само создавале дополнителни проблеми. Целта, е вели да се изнајде одржливо решение за овој проблем да не се повторува секоја година.

-Ние сме тука за да бараме решенија, не сме за да го поттикнуваме проблемот. Затоа, јас би сакал во овој процес да останеме земјоделците, откупувачите и преработувачите. Тие се доволно паметни – знаат да произведат, но ги молам и да знаат да ги препознаат сите ситуации кои се случуваат околу нив. Затоа, стоиме  пред сериозен предизвик за до го решиме ова и не само за оваа година, туку решение кое ќе го бараме по завршувањето на бербата, да побараме начин како тоа да го изрегулираме со законски и подзаконски акти, како преку  здруженинијата, за да имаме контунитет на одржливост на цените и нормално, критериумите и нивна класификација. Не е добро да се повторува овој проблем секоја година, рече Серафимовски.

Инаку, на 12. овој месец, беше договорено пиперката ајварка  прва класа да се откупува по 40 денари за килограм, прва/втора индустриска 30 денари и остатокот по 15 денари за килограм.