Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Најновата пресуда на Европскиот суд за човекови права, со која Македонија е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновата пресуда на Европскиот суд за човекови права, со која Македонија е задолжена да му исплати отштета на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, повторно ги отвори прашањата за начинот на кој домашните судови ги определувале мерките притвор во дел од најизложените судски предмети, особено за 27-ми април. Според адвокатот Сашо Дуковски, ваквите пресуди претставуваат сериозен сигнал дека притворот не смее да се користи како казна пред да заврши судската постапка.

„Тоа е само уште еден удар на правната држава и на сите оние постапки кои беа перформирани и водени од страна на еден и единствен обвинител, а тоа е Вилма Русковска и неколку судии во основниот кривичен суд. Уште едно укажување дека притворот кај нас се злоупотребува и не претставува мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката, туку едноставно како една казна“, изјави Сашо Дукоски, адвокат

Дукоски оценува дека ваквите пресуди треба да бидат поука за институциите со цел во иднина да не се повторуваат истите пропусти, а во последниот период се забележуваат одредени позитивни промени во примената на алтернативните мерки.

Реклама

„Навистина повеќе се употребуваат други мерки освен притворот. Исто така институцијата условен отпуст за побрзо отпуштање на осудени лица повеќе функционира. Се гледа некој позитивен помак и се надевам дека така ќе продолжи.“

Останува да се види дали најновите пресуди во Стразбур ќе доведат до дополнителни правни последици во домашниот правосуден систем и дали институциите ќе ги отстранат забелешките што континуирано ги посочува Европскиот суд.