Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето

Во моментов работиме на проширување на реформската агенда што значи дека имаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментов работиме на проширување на реформската агенда што значи дека имаме позитивна порака од Европската комисија дека Македонија го следи патот и динамиката на договореното, што е на нејзиниот пат кон европска интеграција. Со пораките дипломатите ни укажуваат дека мора да работиме понапредно и понапорно за исполнување на тие чекори. Нашите институции се навремено информирани и се адаптираат на потребите и пораките дадени од страна на дипломатите и ЕК. Позитивно го гледам тоа – изјави денеска министерот за европски прашања Беким Сали запрашан да ја коментира вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос.  

Комуникацијата со Европска комисија, оцени Сали е на одлично ниво и институциите се трудат да одговорат навреме. 

Во однос на критериумите за членство, за коишто се најавува менување, министерот рече дека тие се уште не се дефинирани и оти тоа треба да се направи после 2028 година.

Реклама

– Ние следиме напорно и во постојана комуникација сме каков ќе биде текот. Се уште ниту еден официјален, да кажам, документ или пак разговор нема од аспект на новите критериуми и како би била новата фаза. Ние се уште работиме на агендата што треба да ја завршиме 28-ма година, така што ова е период на праќање пораки и спремање на сите држави коишто имаат аспирации за Европска Унија да се интегрираат, дека мора да бидат спремни за тој процес – рече Сали. 

Во рамки на реформската агенда до крајот на годината треба да исполниме триесетина чекори на што се работи од страна на институциите. Тие треба да бидат завршени до крајот на 2027 година со грејс период до декември 2028 година.

– Дополнително сега работиме на пакет којшто би опфатил околу педесетина чекори. Се уште не е дефиниран бројот затоа што роковите се уште се отворени. Значи ние треба да понудиме дополнителни чекори коишто би можеле ние како институции да ги исполниме за да можеме тој пакет од 750 милиони евра да го зголемиме како можност за искористување на вкупниот буџет од шест милијарди евра којшто беше предвиден за Западен Балкан – рече Сали.
 
Министерот вели дека се соочуваме со потешкотии со некои чекори, но оти Владата се координира за да се наминат.

За неодамнешната изјава на бугарската претседателка Илијана Јотова рече дека добрососедските односи не се градат со давање на такви изјави, туку дека добрососедски односи се градат со постојана комуникација и поддршка за заеднички развој во економски, научни и останати сфери.

– Не се градат со вакви изјави, меѓутоа ете тоа е начинот како тие сакаат да покажат дека се посилни од соседот (комшијата) којшто не условува во интегративниот процес. Меѓутоа, јас сметам дека разумот на крај ќе надвладее над сите луѓе кои се decision makers, кои одлучуваат за развојот на еден регион. Не треба да го гледаме интегративниот процес како развој или интеграција на една држава, треба да го видиме како регион затоа што доколку Европа се разви многу со отворање на границите, ние се уште со граници се трудиме да дадеме некакви политички пораки коишто не придонесуваат во ничиј интерес – рече Сали.