Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес денеска и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека миграцијата останува едно од клучните прашања на современото време, при што Западен Балкан истовремено претставува транзитен регион и значаен партнер во колективниот европски одговор на миграциските и безбедносните предизвици.

– Притисоците од нерегуларните миграциски текови, експлоатацијата на ранливите категории од страна на криминалните мрежи и оптоварувањето на институциите не се предизвици ограничени на една граница, една земја или еден регион. Тие се европски и глобални. Ако навистина сакаме да изградиме заеднички европски простор на безбедност и доверба, мора да ги надминеме декларациите и да преминеме кон конкретни механизми за соработка, потенцираше Тошковски.

Реклама

Осврнувајќи се на значењето на Берлинскиот процес, министерот нагласи дека тој не претставува кратенка до членството во Европската Унија, туку кредибилен пат преку кој земјите од Западен Балкан ја демонстрираат својата подготвеност, одговорност и усогласеност со европските стандарди. Ефикасната соработка во областа на миграцијата и граничната безбедност, како што посочи, носи конкретни придобивки и за регионот и за земјите членки на ЕУ.

– Европската безбедност не завршува на надворешните граници на Европската Унија. Таа се гради преку стабилни и безбедни партнери, преку заеднички политики и преку способноста на сите нас да придонесуваме кон справувањето со предизвиците што ја засегаат Европа како целина. Берлинскиот процес не е само подготовка на Западен Балкан за Европа – туку платформа за самата Европа да стане побезбедна и поотпорна, истакна Тошковски.

Тој изрази задоволство што Македонија е домаќин на Форумот и упати благодарност до Владата на Обединетото Кралство и Мисијата на ИОМ за поддршката во организацијата и за посветеноста на евроинтегративниот процес на регионот.

Тошковски на крајот порача дека Форумот треба да биде искористен не само за размена на искуства, туку и за утврдување заеднички приоритети и продлабочување на соработката, со визија за Европа во која Западен Балкан е активен и одговорен дел од нејзината безбедност, стабилност и иднина.