Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

„Вреди“:  Официјално ги започнавме градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце

Денес и официјално ги започнуваме градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес и официјално ги започнуваме градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце, една од најзначајните инфраструктурни артерии за поврзување на Северна Македонија со Косово. Повеќе од една деценија, овој автопат беше повеќе политичко ветување отколку конкретна реалност. Редовно служеше како изборен аргумент; неколкупати беше „пресечена лентата“ за почеток на работите, многупати беше предвидуван во државниот буџет, но на крајот сè завршуваше во ќорсокак. Од денес, на овој јаз му доаѓа крајот. Денес се отвора реалната перспектива за изградба на патот, се вели во соопштението од „Вреди“.

Затоа што патиштата не поврзуваат само градови или држави. Тие ги поврзуваат луѓето со можностите, економиите со пазарите, заедниците меѓусебно и земјите со развојот и напредокот.

Уште од антички Рим, патот се смета за симбол на животот, движењето и цивилизацијата. И Теодор Рузвелт ја гледал инфраструктурата и патиштата како еден од показателите за силата и цивилизацискиот развој на едно општество. Историјата нè учи дека таму каде што се градат патишта, се отвораат и нови можности за трговија, економски развој, комуникација и напредок.

Реклама

И не е случајно што токму денес, на роденденот на најпознатата скопјанка во светот, хуманистката и нобеловката Мајка Тереза, започнуваме со изградба на пат што ќе ги поврзува луѓето.

Таа пешачеше по патиштата на светот за да им се приближи на луѓето. Ние денес градиме нов пат за да ги приближиме луѓето едни кон други.

Затоа што патиштата не се само асфалт и бетон. Патиштата се врски. Тие се мостови меѓу луѓето, културите, економиите и можностите.

Затоа, денес, повеќе од кога било:

Сите патишта водат кон Блаце!