Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Македонија одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза и десет години од нејзиното прогласување за светица

Од Скопје до Калкута – животот на една жена кој остави трага…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Скопје до Калкута – животот на една жена кој остави трага низ целиот свет. По повод 116 години од нејзиното раѓање, Македонија го одбележува името и делото на Мајка Тереза преку повеќедневна манифестација. „Деновите на Света Мајка Тереза“ ќе се одвиваат до 5-ти септември преку културни и хуманитарни настани, а ќе бидат отворени и три изложби посветени на нејзиниот живот и дело.

„Денес сме тука на одбележување на 116 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, Гонџа Бојаџиу, која што ја даде пораката на хуманоста на човештвото. Наша чест е дека она е скопјанка и албанка, па со тоа не прави горди и не обврзува нејзината порака да ја спроведуваме и во политиката и во секојдневниот живот.“, изјави Беким Сали, министер за европски прашања.

Одбележувањето започна утрово со положување цвеќе пред спомен плочата на нејзината родна куќа, а на преостанатите настани ќе присуствува и косовскиот премиер Албин Курти. Родена во Скопје како Гонџа Бојаџиу, целиот свој живот го посвети на сиромашните, болните и најранливите – Од нејзиното име, Скопје доби симбол на хуманост и милосрдие. Во 1950 година во Калкута ја основа заедницата „Мисионерки на милосрдието“, преку која нејзината мисија се прошири низ целиот свет. Работела на места погодени од војна, природни катастрофи и голема сиромаштија. Во времето на нејзината смрт, заедницата имала повеќе од 4.000 сестри и стотици мисии низ светот. За својата работа во борбата против човечкото страдање, во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир.

Реклама

Оваа година одбележувањето има посебно значење – се навршуваат 10 години од нејзината канонизација. На 4-ти септемри 2016 година, Мајка Тереза беше прогласена за светица во Ватикан – Света Тереза од Калкута. И по речиси три децении од нејзината смрт, нејзината порака останува иста – дека човечноста започнува тогаш кога ќе му пададеме рака на оној на кого му е најпотребна.