Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Економија

Граѓаните ги поддржаа синдикатите – бараат повисоки плати

Со оваа плата не се живее, и граѓаните на ист став како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со оваа плата не се живее, и граѓаните на ист став како и синдикатите. Газдите се богатат а работниците трпат, до кога ќе трае газењето врз народот кој е изложен на постојани удари од економската криза, од инфлацијата, од политиките на државата. Да се работи вредно и чесно а да нема исплата на трудот на крајот од месецот е навистина болно за работниците. Прво нешто што треба да се направи е да се покачат платите, па после да се решаваат другите проблеми велат граѓаните.

Според сојузот на синдикати на Македонија државата не смее да дозволи богатење на олигарсите од џебот на граѓаните. 100 најголеми компании во Македонија за една година оствариле 42 отсто поголемата добивка или во пресметка 735,5 милиони евра  благодарение на работниците кои работеле попродуктивно во овие компании. Сепак просечните плати ги зголемиле само за 5,8 отсто од декември, што во однос на остварениот профит на компаниите е речиси ништо. За жал инфлацијата со покачувањето ги јаде и тие 5.8%, па според статистиката просечната нето плата во јуни достигнала 31. 869 денари или 10,9 % повеќе од јуни минатата година, што во суштина поради големиот скок на цените место зголемување значи намалување за 3,1 % – дури оние работници кои добиле покачување на платите се посиромашни од лани. Граѓаните го оселите тоа на своја кожа.


Во листата 100 најголеми компании првите пет места припаѓаат на Џонсон Мети со профит од речиси 80 милиони евра, ИГМ Трејд од Кавадарци со над 51 милион, Рудникот САСА со над 35 милиони, ЕВН и Македонски Телеком со по 28 милиони евра.

Реклама

Бојана Златкова