Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Балкан

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот Србија, едно семејство, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“.

„За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. Никогаш не ме интересирале туѓите интереси. Не сакав да им служам на никого освен на граѓаните на Србија. Ова се моите последни денови и недели како претседател на Републиката“, рече Вучиќ на митингот на владејачката Српска напредна странка пред Домот на Народното собрание.

„Ќе бидам претседател уште неколку недели, па ќе поднесам оставка“, посочи Вучиќ.

Тој во говорот додаде дека им подава рака на студентите.

„Студентите прво беа играчка во рацете на политичарите, потоа во рацете на другите. Ги молев да разговараат, сакаа да разговараат со сите, не сакаа да разговараат со својот претседател. Нема странец со кого претставниците на универзитетот не разговарале. Денеска ви подаваме рака и велиме – по илјадити пат ви се обраќаме. Ви простуваме сè што направивте, но не сме наивни и нема да заборавиме што ѝ беше направено на земјата во изминатата година… Ќе ја уништат нашата земја за една или три години, но не смееме да дозволиме“, потенцира тој.

Реклама

Претседателот на Србија изјави дека неговиот предлог ќе биде листата со која ќе оди на избори да се вика „Обединета Србија“. 

„Тоа е најубавото мото што можеме да го имаме“, рече Вучиќ.

На собирот пред Народното собрание, тој им порача на граѓаните дека ќе слушнат нови план в понеделник и дека пензионерите ќе бидат многу задоволни од новите мерки. 

Вучиќ денеска истакна дека Белград секогаш бил подготвен за разговори во врска со Косово.

Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека на платото пред Домот на Народното собрание во Белград, на јавниот собир има околу 207.000 граѓани. Улиците околу Собранието во Белград се затворени за сообраќај од вчера.