Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Балкан

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК; Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Четворица поранешни лидери на  ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четворица поранешни лидери на  ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, беа осудени денеска  во Хаг за воени злосторства извршени против најмалку 385 лица. Станува збор за првостепена пресуда во постапката против нив за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Тачи беше осуден на единствена казна од 25 години затвор, вклучувајќи го и времето поминато во притвор. Тој беше прогласен за виновен по точката три (незаконско или произволно апсење и лишување од слобода, како воено злосторство), за суров третман како воено злосторство, по точката 7 за тортура како воено злосторство, по точката 9 за убиство како воено злосторство. Беше ослободен од неколку случаи на воени злосторства, како и од прогон, затворање и злосторства против човештвото.

Вториот обвинет, Јакуп Красниќи, беше осуден на единствена казна од 25 години. Третиот обвинет, Кадри Весели, беше осуден на единствена казна од 18 години затвор. Четвртиот обвинет, Реџеп Селими, беше осуден на единствена казна од 13 години.

Станува збор за првостепена пресуда во постапката против нив за воени злосторства и злосторства против човештвото. Времето поминато во притвор е вклучено во казната.

Реклама

 Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинетиво Хаг за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во текот на 1998 и 1999 година.