Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВРЕДИ: Недемократската унија за дезинтеграција ита кон рушење на охридскиот договор

Шемата на Али Ахмети е пробиена. Гајле нема ни за правата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шемата на Али Ахмети е пробиена. Гајле нема ни за правата на Албанците, ни за Охридскиот договор, а уште помалку за правичната застапеност, која, патем, имаше цели 25 години да ја претвори во законска гаранција, се вели во соопштението од ВРЕДИ. 

Вечните фотелјаши од Мала Речица имаат само една цел во глава. Да блокираат сè што е во корист на Албанците, а со таквата политика да ѝ одат нарака на македонската десница и да ја обезвреднуваат албанската политика.
Партијата што цели 25 години не мрдна со прст правичната застапеност да ја заштити со закон, денес го блокира токму законот што ја претвора од партиска алатка во законска обврска. Тоа не е грижа за Албанците. Тоа е страв дека помина времето кога работните места ги делеа со партиски тефтерчиња и ги продаваа за 5.000 евра.

Не можат да поднесат нешто добро за Албанците да помине без печатот на ДУИ. Ако не е нивен проект, нека пропадне. Толку им е паметот.
Корумпираното и изолирано раководство на ДУИ, со пола функционери на црните листи, сака да создаде лажна слика дека албанските права се загрозени само затоа што тие не се дел од Владата. За нив, очигледно, нема албански права без вечните фотелјаши Бујар, Артан, Блерим Беџети и компанијата.
Ама народот одамна им ја провали финтата. Затоа уште долго ќе останат во опозиција.

Реклама

Недемократската унија за дезинтеграција може да продолжи да кочи, да блокира и да глуми лудило. Но едно ќе остане запишано. По 25 години лажење, токму ДУИ го урива Охридскиот рамковен договор за пуста власт.