Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, Владата на ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДСМ нема право да зборува за здравството, СДСМ за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат  со наталожени проблеми, недостиг на кадар, долги листи на чекање и нарушена доверба во институциите, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфереенција на претседателот на СДСМ.

Венко Филипче, како министер за здравство, направи тотален колапс на здравствениот систем. Токму во периодот кога Филипче беше министер, голем број здравствени работници го напуштија јавното здравство, а системските проблеми останаа нерешени.

Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс, туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците.

Реклама

Додека Филипче беше министер, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДСМ и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки.

СДСМ имаше низа скандали, како на пример Онкологија, каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени.

За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар.

Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки, за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО. Дополнително, се работи и на отстранување на проблемот заради кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар, за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на стабилизација на здравствениот систем, подобрување на условите во јавните здравствени установи, намалување на листите на чекање, инвестиции во опрема и обезбедување поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи кои ќе обезбедат поефикасен, поквалитетен и поодржлив здравствен систем.