Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ЗНАМ: Се намножија дивоградби во Центар

Како што најавивме, продолжуваме со серија на прес-конференции на кои ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како што најавивме, продолжуваме со серија на прес-конференции на кои ќе ја покажеме вистинската слика на градоначалникот на СДСМ од Центар, 

Горан Герасимовски, човекот кој сака да се претстави како чесен, скромен, невин и наивен градоначалник, а зад себе остави хаос, безредие и дивоградби.

Ако вчера зборувавме за училиштата и небезбедните услови за нашите деца, 

Реклама

денес зборуваме за уште еден скандал: советничка листа со кандидати за советници од СДСМ кои влегуваат во политика за да си ги спасат сопствените дивоградби.

Ова е второто лице на Герасимовски – лицето на човек кој е спремен да ги

гази законите, да ги злоупотребува институциите и да ја претвори општината во сервис за партиски и лични интереси.

Во неговиот мандат дивоградбите не беа искоренети, тие се умножија.И најстрашно од сè, врзани се со луѓе блиски до неговата партија, СДСМ. Наместо да биде пример, општината стана најголем прекршител на законот.

Го прашуваме градоначалникот на ма Центар од СДСМ, Герасимовски:

• Дали Газменд Максимовски, вработен во Општина Центар со договор за

дело и воедно кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за 

градба на ул. Самоилова?

• Дали тоа е истиот Герасимовски кој пред јавноста бараше измени на Законот за градење и заплена на дивоградбите, а зад кулиси му овозможувал на свој човек бесправно да гради?

• Дали тоа не е најјасен доказ дека сите негови настапи беа само евтин пи-ар, театар за јавноста и голема измама за граѓаните на Општина Центар?

Додека секој граѓанин мора да ги почитува процедурите, да поднесува 

документи, да чека дозволи и да плаќа општински давачки, луѓето на СДСМ 

имаат привилегии.

Тие се изземени од законот, тие можат да градат како сакаат, затоа што

имаат зелено светло од Герасимовски. Ова не е само лицемерие.Ова е скандал, ова е злоупотреба, ова е понижување на сите чесни граѓани во Центар.

Горан Герасимовски не само што не се избори против дивоградбите – тој стана нивен заштитник!

Не само што не ја врати законитоста – тој ја погази! Не само што не ја штитеше општината – тој ја претвори во партиски штаб на СДСМ!

Ова мора да престане!

На 19 октомври граѓаните ќе стават крај на ова лицемерие и ќе му ја покажат вратата на Герасимовски и на целата негова екипа!

Граѓаните ЗНААТ, и Центар ЗНАЕ!