Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ЗНАМ: СДСМ директно ја кочи реформската агенда преку опструкција на законот за ЈО

Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека партиските калкулации ги става пред државните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека партиските калкулации ги става пред државните интереси и пред потребата од вистински реформи во правосудството, стои во соопштението на ЗНАМ.

Предлог-законот за јавното обвинителство – закон кој е дел од еформската агенда и кој помина низ јавна расправа со вклученост на експерти, обвинители, адвокати и професори , претставува јасен сигнал дека не постои искрена волја кај нив за унапредување на владеењето на
правото.

Овој закон  е  резултат на широк и инклузивен процес, базиран на стручни аргументи и практични искуства.  Во процесот на подготовка на законот беа вклучени препораките на релевантни меѓународни тела и институции, како и насоките од реформската агенда во областа на владеењето на правото, што дополнително ја зајакнува неговата кредибилност и усогласеност со европските стандарди.

Реклама

Наместо да дадат конструктивен придонес, СДСМ одлучија да стојат на страна и да ја кочат реформската динамика. Граѓаните очекуваат ефикасно, отчетно и транспарентно обвинителство – систем кој ќе гарантира правда за сите, без селективност и без политички влијанија. СДСМ иако најавија конструктивен пристап кон законите од реформската агенда, денес од собраниската говорница кажаа дека нема да го поддржат законот за јавното обвинетелство.

Со ова декларативно лицемерие СДСМ покажува дека се во истото руво од времето кога се самоамнестираа од сторениот криминал во  периодот на седумгодишното владеење, преку измените на Кривичниот законик.

Сега, дополнително се ставаат во функција на заштита на својот криминал, нелегално стекнатите милиони на Венко Филипче и Зоран Заев. Со сите сили продолжуваат да ги штитат “нивните” обвинители кои тие ги наместија на позициите. Затоа денес СДСМ уживаат рејтинг кај граѓаните помал од 5 отсто.