Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ЗНАМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се огради од изјавата на Милошоски

Пратеникот од Движење ЗНАМ, Павле Арсоски, денеска реагираше на изјавите на потпретседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од Движење ЗНАМ, Павле Арсоски, денеска реагираше на изјавите на потпретседателот на Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој синоќа изрази сомнеж во квалитетот на работењето на министерот за правда, Игор Филков.

-Ставот на Движење ЗНАМ кон ваквиот отворен и брутален вербален напад врз личниот интегритет на еден од најуспешните министри во Владата на премиерот Мицкоски е следен: Антонио Милошоски е последниот кој има кредибилитет да држи лекции за правосудни стандарди. Го слушнавме како објаснува што би направил и што би реконструирал кога би бил премиер, изјави Арсовски, додавајќи: „Тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде!“

Арсоски потсети на резултатите од осуммесечната работа на министерот Филков, меѓу кои нови закони за Судски совет, Совет на јавни обвинители и парнична постапка.

Реклама

-Во интерес на Македонија и сите нејзини граѓани, да продолжиме посветено да работиме на реформските процеси кои се единствениот пат кон европска иднина, нагласи тој.

Арсоски потенцираше дека од ЗНАМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ, како што рече „во најкраток рок јавно да се огради од ставот на Милошоски“.