Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

ЗНАМ: На наша иницијатива започнаа инспекциските надзори на активните градилишта во Центар

На иницијатива на советниците од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, започнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На иницијатива на советниците од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, започнаа инспекциските надзори на активните градилишта на територијата на Општина Центар, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Како што ветивме, така и постапивме. По наше барање, Советот на Општина Центар ги задолжи градоначалникот и надлежните служби да извршат контрола на сите активни градилишта, со цел да се утврди дали се почитуваат законските прописи и мерките за безбедност.

Инспекциските надзори веќе започнаа, што потврдува дека институциите можат и мораат да постапуваат кога постои јасна иницијатива и барање за одговорност. Но, за Движењето ЗНАМ ова не смее да биде само еднократна активност, ниту неколку контроли за пред камерите. Нашата иницијатива предвидува систематска проверка на сите активни градилишта, утврдување и јавно објавување на констатираните неправилности, преземање соодветни мерки и воспоставување континуиран инспекциски надзор.

Реклама

Бараме извештаите од извршените контроли да бидат јавно достапни, за граѓаните да имаат целосен увид во состојбите и постапувањето на надлежните служби. Ќе следиме дали градоначалникот и надлежните служби на Општина Центар ќе
ја спроведат иницијативата во целост. Институциите не смеат да реагираат дури откако ќе се појави проблем или ќе се случи несреќа. Нивна обврска е навремено да ги препознаваат и спречуваат ризиците.Со безбедноста на граѓаните нема компромис.

Жителите на Центар заслужуваат институции што работат одговорно, постапуваат навреме и ја извршуваат својата должност секој ден, а не само кога некој ќе ги потсети на нивните обврски.