Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Свет

Пилај со неверување ја прими веста дека е добитник на Нобеловата награда за мир

Како адвокатка и судијка, сè уште сакам да бидам сигурна дека тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како адвокатка и судијка, сè уште сакам да бидам сигурна дека тоа е вистина – изјави добитничката на Нобеловата награда за мир, Нави Пилај, откога ѝ беше соопштена одлуката на Нобеловиот комитет.

Таа присуствува на состанок на високо ниво за меѓународно право во Нирнберг, а присутните ја поздравија Пилај со аплауз.

– Ако аплаудирате малку погласно, можеби ќе ја споделам наградата со Трамп – истакна Пилај алудирајќи на минатогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, која симболично му ја отстапи наградата на американскиот претседател.

Реклама

Таа посочи дека последно нешто што направила е презентирање на извештајот за Газа, во кој вели „тоа што се случува таму го дефинирам како геноцид“.

Наванетем Нави Пилај е родена на 23 септември 1941 година во Дурбан, Јужна Африка. Таа е петто од осум деца на индиско семејство со тамилско потекло. Пилај дипломирала на Универзитетот во Натал во Јужна Африка и во 60-тите години на минатиот век, работи како адвокат, а во 70-тите го застапуваше активистот против апартхејдот, Нелсон Мандела.

Во 1988 година Пилај докторира право на „Харвард“, а седум години подоцна беше именувана за судијка во Високиот суд на Јужна Африка.

Таа ја продолжила својата кариера како судилка и претседателка на Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда, а од 2008 до 2014 година беше висок комесар на ОН за човекови права.

Од 2021 до 2025 година Пилај претседаваше со Независната меѓународна комисија на ОН за истрага на окупираните палестински територии и била судијка во случајот на Меѓународниот суд на правдата во кој Мјанмар е обвинет за геноцид.

Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет, Јерген Ватне Фриднес, изјави дека Пилај е наградена за нејзините напори за промовирање на мирот и меѓународното право.

Во време кога бројот на војни и конфликти се зголемува, а судиите и институциите на меѓународното право се под политички напад, Нобеловиот комитет сака да потсети дека можноста за решавање конфликти, без употреба на сила или насилство, зависи од почитувањето на меѓународното право. Предуслов за мирен свет е меѓународен правен систем, во кој воените злосторници се сметаат за одговорни, а жртвите на злоупотреби добиваат правда – се наведува во соопштението на Нобеловиот комитетот.

Нобеловата награда за мир често се смета за најпрестижна награда во светот. Норвешкиот Нобелов комитет во Осло доби номинации за 287 кандидати за годинешната награда, од кои нешто повеќе од една четвртина беа организации.

Наградниот фонд оваа година изнесува 12 милиони шведски круни или околу 1,2 милион долари, без оглед на тоа дали добитникот е поединец, помала група лауреати или организација.

Оваа година се одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на вкупно 112 поединци и 28 институции од нејзиното основање во 1901 година.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја освои наградата трипати, а Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци двапати.

Наградата не е доделена во 19 наврати, главно за време на светските војни. Во 1948 година, кога беше убиен Махатма Ганди, наградата не беше доделена. Ганди беше номиниран 12 пати, но никогаш не ја доби.

Во 1939 година шведски пратеник го номинира Адолф Хитлер, но подоцна ја повлече номинацијата, со образложение дека не мислел сериозно.