Дали по неуспешниот блам и пародија со Ива Михаилова, бугарските медиуми теледиригирани од тајната служба ДАНС влегоа во нова офанзива со вистински атак врз сетилата на сопствените граѓани, мизерно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да и накалемат бугарски предзнак?
Откако Михаилова инфантилно ги издаде во комуникација преку четот и разговорот со јутјуберот Цанов, презентирајќи ја длабоката вмешаност на службата во нејзиниот фингиран случај на „Бугарка чии права се нарушени во Македонија само поради нејзината ‘припадност’“, очигледно е дека ДАНС „на најјако“ го притиснале копчето за аларм кај нивните теледиригирани новинари и медиуми.
Куриозитет е што новинарите на ТВ Алфа вчера во 15-на минути во „Колегиум“ им срушија и девастираа два нови мизерни обида на ДАНС и нивните македонски/бугарски испостави за презентирање на два случаи како атаци врз Македонци со некаква си бугарска самосвест.
Класичен доказ за пост-Ива Михаилова акцијата на ДАНС е вчерашната „сторија“ на познатиот бугарски интернет портал кој излезе со наслов: „15 годишен Бугарин е претепан од двајца полицајци во Охрид“, текст во кој се луцисно тврди дека момчето е претепано само поради неговата демек бугарска самосвест.
„В публикациите се съобщава за полицейско насилие и последвалото разследване, но не се посочва, че пострадалото момче е български гражданин.“ пишува Таралеж.бг (taralej.bg) односно „Во извештаите (во Македонија) се соопштува за полициското насилие и последните потези, но не се посочува дека момчето кое настрада е бугарски граѓанин.“
Во прилогот дестина пати се споменува мајката на повреденото момче, која според Таралеж.бг им сигнализирала за инцидентот, за кој случај во Македонија се води сериозна истрага отворена од ОЈО Охрид, а инволвираните полицајци се веќе отстранети од служба. Инцидент кој го пренесоа сите македонски медиуми, но со вистинските факти.
Проблемот за Таралеж.бг и ДАНС е што веднаш по лиферувањето на оваа лажна вест во Бугарија реагираа новинарите од „Колегиум“ на ТВ Алфа, кои среде емисија веднаш го пронајдоа контактот и во живо ја вклучија токму мајката на претепаното момче, Лихнида Петресека од Охрид, која претходно за истиот случај гостуваше кај Кристијан Ландов во „Претрес“, кој во живо во „Колегиум“ на новинарите им ги обезбеди контактите со засегнатите, злоупотребени лица.
Таа остро и децидно ги демантираше измислените наводи на бугарскиот медиум, текст кој веднаш орно и „случајно“, како по нечија наредба, го пренесоа повеќе бугарски интернет портали.
„Јас никаде немам изјавено такво нешто, мислам дека ова се злоупотребува за создавање меѓуетнички немир и политички цели и не сакам да биде така. Многу лошо се чувствувам околу ова, јас се запрепастив од ова што го читам“, изјави Петреска во „Колегиум“.
На прашањето, дали нејзниот син има бугарски пасош, таа јасно демантираше такво нешто: „Не, нема. – Значи немате бугарски пасош? –Не. Се’ е извадено од контекст“, одговори децидно Лихнида Петреска, мајка на повреденото момче, јавно заблагодарувајќи се на можноста веднаш да се затвори овој измислен навод на бугарските медиуми.

Но прикаската не заврши овде, во истото издание на „Колегиум“, во следните неколку минути, новинарите го вклучија во живо и Горан Николоски од Охрид, чија помлад брат е исто така повреден при се уште неразјаснет судир со полициски службеници. И овој случај е во билтенот на МВР и за него е отворена истрага.
Проблемот е што и Николоски во „Колегиум“ потврди дека имало обиди и овој случај да биде искористен и злоупотребен како со 15-годишниот Петрески, но уште полошо, му се јавувале и барале тој да потврди дека брат му е тепан затоа што е Бугарин.
-„Да, имаше обиди случајот да се злоупотреби и да биде политизиран како конфликт меѓу Бугарија и Македонија, но нема да дозволам такво нешто. Ова нема никаква врска со Бугарија, проблемот е настанат во Македонија е за сосема десетта причина“, потврди Николоски.
На прашањето, дали некој му се јавил за дозвола или да претстави дека се работи за бугарски државјанин кој само поради тоа е нападнат од полицијата и да направат некој нов Пендиков, Николоски е јасен:
-„Сакаа да направат некој случај како Ива Михаилова, но нема да дозволам такво нешто“, потенцира братот на повреденото момче.
–Можеш ли да ни кажеш ко ти побара такво нешто?
-„Искрено, не знам како се вика човекот, ми пишаа на Фејсбук, ми побараа контакт телефон и така комунициравме“, изјави Николоски.
–Дали случајно профилот кој те контактираше е „Фондација Македонија?“, праша новинарот Илиески.
-„Да“, кратко и јасно потврди Горан Илиевски, брат на тепаното момче за кој случај се води истрага во Македонија.
Со ова, македонската јавност доби уште една јавна, ачик потврда за активностите на бугарската антимакедонска испостава во државата, раководена од нам добро познатиот Виктор Стојанов.
„Колегиум“ на Тв Алфа во состав на новинарите дарко Јаневски, Богдан Илиевски, Љупчо Цветановски и Игор Мицкоски успеја во една емисија да уништи два бугарски и антимакедонски наративи, лажни вести со кои Бугарија како држава сака индолентно да ја претстави Македонија како земја во која Бугарите се напаѓаат само поради тоа што се чувствуваат како такви, мизерни конструкции кои досега им успејаа само со криминалци како дилерот Пендиков, осудениот рекетар, лихвар и тепач Михаилов и Ива Михаилова за која се води процес за убиство од небрежност.
На ред се македонските служби да се позанимаваат со оние кои се обиделе да ги злоупотребат случаите на охриѓаните Петерски и Николоски, дејство кое подлежи на сериозна кривична одговорност од злоупотребувачите.

