Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Меџити: Нов базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити денеска го посети основното училиште „7…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити денеска го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследил напредокот на градежните работи за изградба на новиот училиштен базен, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, наменета за спортскиот развој и создавање нови можности за децата од Чаир.

Како што информираат од Општина Чаир, Меџити информирал дека работите се одвиваат според предвидената динамика и дека проектот влегува во завршна фаза, додека отворањето на базенот се очекува наскоро. Оваа инвестиција, како што се наведува во соопштението, има за цел да им обезбеди на учениците современи услови за учење пливање, развивање на спортските таленти и учество во активности кои го поттикнуваат здравјето и физичкиот развој.

-Ветувањата ги реализираме едно по едно. Денеска го посетив училиштето „7 Март“ за одблиску да ги проследам работите на новиот базен, кои се одвиваат според планот. Овој проект го ветивме за време на изборната кампања, го вклучивме во нашата програма и денес го претвораме во реалност. Со инвестиција од околу 1 милион евра создаваме услови нашите деца да научат да пливаат, да ги развиваат своите таленти и да растат со спортот. Довербата што ни ја дадоа граѓаните ја претвораме во конкретна работа и инвестиции – нагласил Меџити.

Реклама

Новиот базен во училиштето „7 Март“ е дел од инвестициите во образовната и спортската инфраструктура на Општина Чаир, со фокус на подобрување на условите за учениците и создавање еднакви можности за нивниот развој.