Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ЗНАМ: ИАРСМ го зајакна своето место во европскиот сиситем на акредитација – потврдена компетентноста и меѓународната доверба во институцијата

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишното работење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишното работење на своите избрани и именувани функционери, под мотото: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“. Во рамките на отчетот, директорот на Македонскиот национален институт за акредитација – ИАРСМ, Нико Берберу, ги презентира резултатите од работењето на институцијата, нагласувајќи дека нејзиното зајакнување, професионализацијата и усогласувањето со европските стандарди се дел од програмските определби на ЗНАМ при влегувањето во Владата во 2024 година, се вели во соопштението од ЗНАМ.

ИАРСМ ја помина четвртата редовна реевалуација од Европската организација за акредитација – ЕА, спроведена во мај 2026 година, со што ја потврди својата стручност, компетентност и позиција во европскиот систем на акредитација. Ова е особено значаен резултат за македонското стопанство и за компаниите ориентирани кон извоз, бидејќи меѓународното признавање на акредитацијата ја зголемува довербата во квалитетот на македонските производи и услуги.

Денес, во системот на ИАРСМ функционираат од 220 до 250 акредитирани тела за оцена на сообразност, меѓу кои лаборатории, медицински лаборатории, инспекциски и сертификациски тела. Во 2025 година успешно беше завршена и транзицијата на акредитираните медицински лаборатории кон новиот стандард МКС EN ISO 15189:2022.

Реклама

Особено внимание беше посветено на јакнењето на човечките ресурси и стручните капацитети. Институтот располага со 36 водечки оценувачи, 118 технички оценувачи и 59 експерти, а континуирано се инвестира во нивната едукација и професионална надградба. Реализирани се обуки за антикорупцискиот стандард ISO 37001, квалитетот на земјоделските производи, органското производство и специјализирани обуки во рамките на Европската организација за акредитација.

Дигитализацијата и модернизацијата на институциите се уште еден приоритет што ЗНАМ го претвора во конкретни активности. Во ИАРСМ се започнати процеси за дигитална архива, системи за управување со документи, заштита на податоците, резервни копии и технолошка инфраструктура за понатамошно воведување на вештачка интелигенција во работните процеси.

Унапредено е и учеството на Институтот во меѓународните и европските структури за акредитација – ЕА, ИЛАК и ИАФ, како и соработката со националните тела за акредитација од регионот.

На домашен план е продлабочена институционалната соработка со ресорните министерства, Институтот за стандардизација, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Резултатите во ИАРСМ се потврда на суштинската политичка определба на Движењето: да градиме силни, професионални, ефикасни и европски усогласени институции, наместо институции заробени во партиски интереси
и административна неефикасност.

Нашата цел не е само формално исполнување на европските стандарди, туку создавање институции што обезбедуваат квалитет, сигурност и доверба, ја поддржуваат конкурентноста на домашното стопанство и отвораат повеќе можности за македонските компании на европските и светските пазари.

ЗНАМ влезе во Владата со јасна определба програмата на Движењето да стане дел од владините политики. Денешните резултати покажуваат дека таа определба се спроведува преку конкретна институционална работа, мерливи резултати и одговорност пред граѓаните.

За ЗНАМ, отчетноста не е политичка декларација, туку обврска резултатите да зборуваат за сработеното. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!