Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Зголемени количини на комунален отпад, летово собираат екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“

Во летниот период значително се зголемени количините на комунален отпад што на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во летниот период значително се зголемени количините на комунален отпад што на дневно ниво ги собира ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово, информираа денеска од претпријатието. Според податоците, последниов месец регистрирано е зголемување на собрани количини на смет за околу 30 проценти.

-Се вратија нашите иселеници и може да забележиме дека сега за 30 проценти е зголемена количина на смет во Куманово. Претходните месеци се собираа од над 100 тони, сега над 150 тони смет. Предизвик е изнесувањето на смет во пладневните и попладневните часови поради сообраќајниот метеж во градот во овој период од годината, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

Во централното градско подрачје сметот се изнесува во три смени, на одредени локации и до четири пат во денот. Претпријатието ќе постави полуподземни контејнери на фреквентни локации во близина на трговските објекти, маркети кои пак, поради зголемениот промет летово, прават поголема количина на смет. Претпријатието ги добило потребните дозволи за поставување на полуподземните контејнери, местата се одбрани и се во близина на големите трговски единици, маркети, станбени единици. Долгорочна интенција на претпријатието е да се постават полуподземни контејнери насекаде во Куманово и сметот да се собира само во ноќните часови.