Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Зголемен возниот парк на комуналното претпријатие во Општина Илинден

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на комуналното претпријатие, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во насока на подобрување на условите за работа и зголемување на оперативната ефикасност, комуналното претпријатие го збогатува својот возен парк со нови комбинирани товарни возила – патари, кои ќе придонесат за полесно, побрзо и поефикасно извршување на секојдневните работни задачи, информираат од локалната самоуправа.

Како што посочуваат денеска увид на новите возила извршил и градоначалникот Александар Георгиевски.

-Новите возила ќе се користат за превоз на работници, алат, машини и товар, со што значително ќе се олесни организацијата на работниот процес и ќе се овозможи поголема мобилност на екипите на терен. Нивната употреба особено ќе придонесе за унапредување на услугите во делот на одржувањето на јавната чистота и јавните површини на територијата на општината – истакнал Георгиевски по увидот на возилата.

Реклама

Со ваквите инвестиции, како што посочил, Општина Илинден ја потврдува својата заложба за создавање современо, функционално и ефикасно комунално претпријатие, кое навремено и квалитетно ќе одговара на потребите на граѓаните. Унапредувањето на комуналната инфраструктура, подобрувањето на јавната чистота и обезбедувањето почиста и поуредена животна средина остануваат меѓу приоритетите на Општина Илинден.