Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Збогум за новогодишната кошница: Ефектите позитивни, но постои опасност цените повторно да се вивнат нагоре

Завршува едномесечната т.н. новогодишна кошница. Трошоците за храна и пијалоци во декември,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршува едномесечната т.н. новогодишна кошница. Трошоците за храна и пијалоци во декември, кога мерката важеше во последните две недели биле намалени за 0,3%. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја оценува акцијата како успешна. Било спречено поскапување на производите кои најмногу се купуваат за празниците, а инфлацијата се одржала на стабилно ниво. Поевтиниле 1.178 производи кои беа дел од листата на 96 производители и дистрибутери и се продаваа на 762 продажни места.

„Се очекува и во статистичките податоци за месец јануари 2025 година во однос на декември 2024 година,  да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се  оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци“ – Министерство за економија и труд.

Од Организацијата на потрошувачи велат дека мерката добро се спровела, но во следниот период клучно ќе биде цените да не се вратат на старите повисоки нивоа. Бараат мерките да траат подолго од еден месец.

Реклама

Според трендовите на светските пазари, цените на храната почнуваат да се намалуваат. Токму затоа од Организцијата на потрошувачи не очекуваат цените да се подигнат нагоре. Во спротивно, апелираат до институциите да ја следат ситуацијата и да реагираат.

И покрај тоа што од Министерството за економија и труд им се заблагодарија на сите производители, дистрибутери и трговци кои што се приклучија во акцијата, сепак тие не беа дисциплинирани цело време. Баш напротив. Во првите неколку недели ги подигнаа цените на алтернативните и производите кои не беа дел од кошницата и до 30 отсто. Откако премиерот и министерот Дурмиши ги искараа да не бидат алчни и им се заканија дека ако не ги поевтинат производите, ќе донесат одлука за замрзнување на цени, тие се опаметија и ги корегираа надолу. Дурмиши најавува дека и во наредниот период ќе се креираат мерки за заштита на стандардот. Вакво намалување на цените е најавено и во март за Рамазан и во април за Велигден. За годинава се очекува подрастично намалување на инфлацијата на ниво до 2.2%.