Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Заврши амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2026 година. По амандманската расправа, Комисијата за  финансирање и буџет ќе го проследи Предлог-буџетот за 2026 година на натамошна постапка, а известител на седницата на Собранието ќе биде претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска.

На денешната 49. седница Комисијата го прифати комисискиот амандман што се однесува на реновирање на руинираната спортска сала за ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ образложувајќи го амандманот рече дека го предлага со цел да се обезбедат средства во износ од 10 милиони денари за внатрешно реновирање и реконструкција на спортската сала за ОУ „Гоце Делчев“ од Гостивар. Таа, меѓу другото, додаде дека ова училиште има преку 100 вработени и 1000 ученици и дека следната година училиштето ќе одбележи 50 години постоењето.

Реклама

Во текот на вчерашниот ден беа прифатени неколку амандмани од опозицијата со кои се бараше доопремување за службите за Брза помош. За Предлог-буџетот за 2026 година беа поднесени вкупно 200 амандмани. Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Во Предлог-буџетот за 2026 година вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари. За капитални инвестиции се планирани 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.