Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Засилен систем за енергетска транзиција – стартуваше Единица за техничка поддршка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини поддржа формирање на Единица за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини поддржа формирање на Единица за техничка поддршка (ЕТП) чија цел е помош во координација на процесот на енергетска транзиција.

ЕТП, како што соопштија од Министерството за енергетика, ќе претставува клучна алка во поврзувањето на сите релевантни чинители: државните институции, јавните претпријатија, приватниот сектор, синдикатите, регулаторните тела и меѓународните партнери.

-Со формирањето на оваа Единица воспоставуваме јасен систем за поддршка на целиот процес, координација, следење и дијалог со сите засегнати страни. Целта е да обезбедиме забрзана и поорганизирана транзиција, со конкретни резултати и со целосна отчетност пред јавноста,порача министерката Сања Божиновска.

Реклама

Таа посочи дека процесот на праведна транзиција е сложен и бара целосна координација, одговорност и заедничка работа.

-Нашата земја има амбиција да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да го напушти јагленот како ресурс за производство на електрична енергија. Но, еднакво важно е да се осигураме дека ниту една заедница или поединец нема да биде запоставен, нагласи министерката Божиновска.

ЕТП ќе функционира под надзор на Министерството за енергетика, а во неговиот состав се вклучени експерти од области како енергетика, комуникации и проектен менаџмент.

-Само преку систематски и транспарентен пристап можеме да ја обезбедиме довербата на граѓаните и поддршката на сите засегнати страни. Формирањето на оваа Единица е чекор напред во градење на силна институционална основа за успешна и праведна енергетска транзиција, додаде министерката Божиновска.