Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Јаневска најави средби со студентите за новиот модел на студентски оброк

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има средба со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ на која ќе се разговара за моделот за студентски оброк по што ќе следува и средба со претставници на студентските собранија од сите универзитети.

– Денеска, имам средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ бидејќи тие имаат промена на раководството и треба да се сретнеме со новиот претседател. Откога ќе се видам со новиот претседател и ќе поразговараме на темата студентски оброк – тој е легитимен претставник на студентите на УКИМ – ќе организираме уште една средба со претставниците на студентските собранија на сите универзитети, како што и во минатото го имавме тоа направено, за конечно да ги видиме нивното мислење и нивните размислувања – истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање за мерката за млади, што вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски, а која предвидува воведување студентска картичка со попусти од најмалку 20 проценти за производи и услуги.

Таа појасни дека моделот сè уште се разработува и дека конечниот став ќе биде донесен по консултациите со студентите.

Реклама

– Сѐ додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека тоа ќе биде електронска апликација во која студентите кај сите оператори што ќе ги избере Владата со картичката за студентски оброк ќе добиваат 20 отсто, или е-апликацијата за студентски оброк, или ваучерот за студентски 20 отсто попуст на она што ќе го земат со тие средства и 20 отсто попуст на сѐ друго во тој оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и особено многу водиме грижа за младите луѓе во земјата – нагласи министерката. 

Прашана дали попустот ќе важи само за купувањата со средствата од студентскиот оброк или и за другите производи, Јаневска појасни дека дополнителните 20 проценти ќе се однесуваат на сè што студентите ќе купат во избраната продавница.

– И сѐ друго исто така со 20 отсто попуст. Сѐ што ќе земат – на сѐ што ќе земат од таа продавница – 20 проценти попуст – појасни Јаневска пред почетокот на конференцијата „Образованието на возрасните и доживотното учење – инвестиција во луѓето и иднината“ во Скопје.