Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

ПОЦ: Од паркинг до урбана грижа за подобар Центар

Паркирањето е само еден дел од приказната за урбаното живеење. Во општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паркирањето е само еден дел од приказната за урбаното живеење. Во општина како Центар, каде што секојдневно се вкрстуваат потребите на жителите, деловните субјекти и илјадниците посетители, управувањето со паркинг-просторот значи многу повеќе од обезбедување место за автомобил. Тоа подразбира организација на јавниот простор, поголема сообраќајна дисциплина, достапност, современи услуги и грижа за заедницата.

Токму во таа насока ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) со две децении искуство во организирањето и управувањето со паркирањето, постојано ја проширува својата улога и спроведува промени што имаат за цел да го направат Центар пофункционално и попријатно место за живеење.

Еден од најважните предизвици со кои се соочуваат жителите е недостигот на паркинг-места. Затоа, претпријатието воведе нов модел на распределба на паркинг-просторот, со повластени паркинг-карти по станбена единица, наместо досегашниот модел по жител. Со ова се настојува да се воспостави поправедно користење на резидентниот простор и да се спречи гаражните и паркинг-капацитетите да се користат за деловни активности или приватни магацини, додека местата наменети за жителите остануваат зафатени.

Реклама

Особено значајно е што повеќе од две третини од паркиралиштата со кои управува ЈП ПОЦ остануваат резидентни и им се достапни на жителите без часовна наплата. Дополнително, за првото возило по станбена единица во секторот на живеење не се плаќа месечен надоместок.Ова е дел од определбата паркинг-просторот првенствено да ги задоволува потребите на луѓето што живеат во Центар.

Но, правилата имаат смисла само доколку се спроведуваат. Затоа пајак-службата секојдневно е присутна на терен, отстранувајќи ги возилата паркирани спротивно на прописите и оние што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, а по соодветен налог на надлежните органи. Посебно внимание се посветува на местата наменети за лица со попреченост и на резидентните зони. 

Паралелно со контролата и организацијата на паркирањето, ПОЦ инвестира во дигитални решенија што го поедноставуваат секојдневието на корисниците. Ќе се развиваат нови мобилни апликации за Android и iOS, имплементиран е систем за автоматско препознавање на регистарските таблички (ANPR), а старите информативни табли се заменети со нови, со современ дизајн и QR-кодови за брзо и едноставно плаќање.

Новото решение за наплата овозможува плаќање со платежна картичка преку мобилен телефон, без потреба од испраќање СМС-пораки или претходна регистрација во апликација. Тоа значи помалку административни чекори и побрза услуга за граѓаните.

Промените се видливи и на самите паркиралишта. Поставени се нови куќички, реконструирани се постојните, а во тек е проект за поставување електрични полначи и изработка на велопаркинзи. Со овие активности претпријатието го проширува својот придонес кон развојот на алтернативната мобилност и создавање услови за поголема употреба на велосипеди и електрични возила.

Грижата за корисниците, пак, не завршува со дигиталните услуги. Отворена е и нова, современо уредена канцеларија за грижа за корисници, каде што граѓаните можат на едно место да ги завршат своите обврски и да добијат потребна поддршка. Целта е комуникацијата со претпријатието да биде поедноставна, поефикасна и подостапна.

На терен, екипите на ПОЦ ја одржуваат јавната хигиена преку чистење на јавните површини и акции за расчистување на натрупаниот отпад. Овие активности придонесуваат за почисто и поуредно опкружување во општина Центар.

Особено важен дел од пошироката општествена улога на ПОЦ е хуманитарната димензија. Во соработка со Општина Центар и Црвен крст – Општинска организација Центар, отворена е хуманитарната Зона H пред Градскиот стадион, во секторот „Парк“. Средствата од наплатата на посебно обележаната локација се наменети исклучиво за хуманитарни цели и помош на лица и семејства на кои им е потребна поддршка. 

За реализација на развојната програма, ЈП ПОЦ предвиде околу 1,4 милиони евра за капитални вложувања, наменети за подобрување на урбаната и комуналната инфраструктура. Значителен дел од планираните активности веќе е во фаза на реализација, особено во областа на дигитализацијата и воведувањето паметни решенија.

Од поправедна распределба на паркинг-местата, преку модернизација на услугите и одржување на сообраќајниот ред, до хуманитарни иницијативи и поддршка на алтернативниот транспорт – активностите на ЈП „Паркинзи“ покажуваат дека управувањето со паркинг-просторот е тесно поврзано со квалитетот на урбаното живеење.