Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Велковски: Вистинскиот успех на еден систем се мери преку можноста секое дете да има сигурен дом и достоинствено детство

– Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ е значаен дел од историјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ е значаен дел од историјата на системот на социјална и детска заштита, но и сведоштво за тоа како се менувале пристапите и грижата за децата во нашето општество. Осумдесет години постоење значат осум децении посветеност, грижа и поддршка за генерации деца на кои им биле потребни сигурност, внимание и заштита, истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на одбележувањето 80 години од постоењето на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Оваа установа, нагласи ресорниот министер, е значаен дел од историјата на системот на социјална и детска заштита, но и сведоштво за тоа како се менувале пристапите и грижата за децата во нашето општество.

– Во изминатите години, установата помина низ значајна трансформација во рамките на процесот на деинституционализација. Овој процес претставува важен чекор во развојот на системот на социјална и детска заштита, со јасна определба секое дете да добие соодветна грижа, поддршка и можност да расте и да се развива во средина која одговара на неговите потреби. Ова е показател дека системот се менува и дека во центарот на нашите политики сè повеќе го ставаме најдобриот интерес на детето, рече Велковски.

Реклама

Тој посочи дека Министерството продолжува со унапредување и развој на згрижувањето во згрижувачки семејства. Во моментов, според министерот, на национално ниво, функционираат 392 згрижувачки семејства, во кои се згрижени 674 деца.

– Во оваа насока, сакам посебно да ја истакнам нашата заложба за повторно активирање на програмата Д10. За мене лично, ова претставува особено задоволство, бидејќи станува збор за програма која има значајна улога во поддршката на лицата кои до наполнување на 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа. Нашата цел е да им овозможиме на овие млади луѓе полесен пристап до пазарот на трудот, можност за вработување, економска независност и самостојно градење на сопствената иднина. Грижата за овие деца не завршува со нивното полнолетство. Напротив, токму тогаш започнува еден нов и исклучително важен период во кој им е потребна дополнителна поддршка за успешно да се интегрираат во општеството и да станат самостојни, истакна Велковски.

Паралелно со тоа, додаде, предвидени се конкретни мерки за финансиско унапредување на положбата на згрижувачките семејства, вклучително и зголемување на надоместоците за општо и роднинско згрижување, како и подобрување на условите и поддршката за семејствата кои ја преземаат оваа исклучително важна одговорност.

– Нашата цел е да изградиме систем кој нема да обезбедува само заштита и грижа за децата, туку ќе им овозможи и сигурна транзиција кон самостоен живот, образование, вработување и активно учество во општеството, рече министерот Велковски упатувајќи благодарност до сите сегашни и поранешни вработени, кои овие 80 години биле дел од мисијата. 

Според него, вистинскиот успех на еден систем не се мери само преку бројот на институции и програми, туку преку можноста секое дете да има сигурен дом, поддршка, достоинствено детство и надеж за подобра иднина.

Директорката на установата, Павлина Трајановска истакна дека 80 години не се само бројка. Зад нив стојат илјадници детски приказни, животни судбини, надежи и соништа, но и генерации луѓе кои грижата за децата ја претвориле во животна мисија.

– Детски дом „11 Октомври“ постои, работи, се развива и со полна одговорност ја исполнува својата мисија. И покрај различните перцепции во јавноста, оваа установа не е само дел од минатото. Таа е жива и активна институција која денес работи подобро отколку било досега, порача Трајановска.
 
Установата, нагласи, го унапредува квалитетот на услугите, го зголемува бројот на згрижувачките семејства, ги зајакнува стручните и кадровските капацитети и континуирано вложува во знаењата, вештините и професионалниот развој на вработените, затоа што, како што рече, вложувањето во нив е вложување во поквалитетни услуги и подобра иднина за децата. 

Покровител на одбележувањето на јубилејот, како што информира директорката, е претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој со прифаќањето на покровителството, според Трајановска, испраќа силна порака дека грижата за децата, нивната заштита и поддршката на семејствата се прашања од највисок општествен приоритет.

– Веруваме дека преку заедничка посветеност и институционална поддршка ќе продолжиме да создаваме подобри услови и нови можности за секое дете и секое згрижувачко семејство, додаде директорката.

Упати благодарност до сите поранешни и сегашни вработени, кои со својата стручност, посветеност и човечност се темелот на нашето работење.

– Зад нивната работа стојат безброј часови посветеност, непроспиени ноќи, лични откажувања и емоции кои не завршуваат со работното време. Грижата за децата не е само професија – таа е одговорност што се носи во срцето, понекогаш и на сметка на времето што им припаѓа на сопствените најблиски. Од срце ви благодарам. Вие сте силата и најголемата вредност на оваа установа, истакна Трајановска. 

Најголема благодарност упати до децата, кои, како што подвлече, не се само причината која постои Домот, туку се срцето на установата, нивна најголема мотивација и нивни најголеми учители.

– Од вас научивме што значат храброста, надежта и вербата во подобро утре. Вашите успеси и секој нов чекор напред се најголемата потврда дека нашата работа има смисла. Затоа овој јубилеј не е само наш – тој е пред сѐ ваш, рече Трајановска

Изрази благодарност и до згрижувачките семејства, кои, како што подвлече, со љубов и пожртвуваност ги отвораат своите домови и срца, овозможувајќи им на децата топлина, сигурност и чувство на припадност.

– Можеби не можеме да му го промениме почетокот на секое детство, но можеме да направиме многу за секое дете да има подобра иднина. Тоа е нашата мисија, тоа е нашата одговорност, тоа е нашата човечност, истакна Трајановска.

Во рамките на одбележувањето беше промовирана и монографија „Трага низ времето“, чиј рецезент, Бранимир Светозаревиќ посочи дека се работи за многу сериозна книга која остава длабок печат на времето.

На одбележувањето на јубилејот 80 години од постоењето на ЈУ Детски дом „11 Октомври“ меѓу другите присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, неговата сопруга Рози Мицкоска, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски…