Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Одржана завршната работилница за изработка на Стратешки план за развој на Општина Илинден 2027–2031 година

Во рамки на процесот за изработка на Стратешкиот план за развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на процесот за изработка на Стратешкиот план за развој на Општина Илинден за периодот 2027–2031 година, се одржа завршната работилница на која биле разгледани и усогласени клучните развојни приоритети и стратешки цели на општината за наредниот петгодишен период.

Како што информираат од прес-службата на Општина Илинден, во текот на работилницата биле сумирани досегашните активности и резултатите од консултативниот процес, при што посебен акцент бил ставен на локалниот економски развој, унапредувањето на инфраструктурата, заштитата на животната средина, образованието, културата, спортот и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.

Преку размена на мислења, предлози и конкретни иницијативи, учесниците ги разгледале можностите за реализација на приоритетни проекти и мерки кои ќе придонесат за рамномерен, одржлив и долгорочен развој на Општина Илинден.

Реклама

Од Општина Илинден посочуваат дека одржувањето на завршната работилница претставува значаен чекор во финализирањето на Стратешкиот план за развој 2027–2031 година, кој ќе биде основен документ за планирање и насочување на идните инвестиции, проекти и развојни политики на локално ниво.

-Општина Илинден продолжува со заложбите за транспарентно, инклузивно и одговорно планирање, преку соработка со институциите и сите релевантни чинители, со заедничка цел за создавање современа, развиена и просперитетна општина со подобри услови за живот за сите граѓани – соопштија од општината.