Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Експертска поддршка во Собранието за предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа

Претставници на академската заедница, судии и стручни лица дадоа поддршка на предложената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на академската заедница, судии и стручни лица дадоа поддршка на предложената работна верзија на законот за организација и работа на органите на државната управа, предложен од Министерството за јавна администрација.

На втората јавна расправа што ја организира собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците универзитетската професорка Тања Каракамишева истакна дека значењето на владеењето на правото е суштинско за јавната власт и таа е должна да ги почитува правата и слободите на граѓаните. Владеењето на правото не се исцрпува со фактот дека државата донесува закони и дека институциите формално постапуваат врз основа на прописи, напротив, и самиот систем на јавната власт, вели, бара да биде уреден така што ќе ја спречува арбитрарноста на политичката волја. 

– Современата државна управа не може да се оценува само според бројот на институции, нивната формална поставеност или бројот на донесените акти. Таа треба да се оценува според тоа дали граѓаните добиваат навремена, законита, квалитетна и предвидлива услуга. Дали институциите имаат јасни надлежности, дали постои професионална администрација и дали јавните ресурси се користат одговорно. Во оваа пригода посебно ќе ја истакнам политичката неутралност бидејќи државната управа не смее да биде продолжена рака на ниедна политичка партија, таа мора да биде институционален сервис на државата и на граѓаните – посочи Каракамишева.

Реклама

Универзитетскиот професор Борче Давитковски рече дека Министерството за јавна администрација покажало храброст да подготви европски конзистентен текст затоа што, посочи, секогаш најтешко се реформира извршната власт.

– Ве охрабрувам. Овој текст е добар и мислам дека одговара на постојната состојба во нашата држава. Добро е, конечно, врз основа на овој текст и со донесување на овој закон ние ќе видиме каква е структурата на извршната власт – нагласи професорот Давитковски.

Во јавната расправа се вклучија и судијката Едита Насковска, која истакна дека концептот на законот е добар, но потребно е да се создадат услови за поголема интерактивна соработка меѓу министерствата.

Универзитетскиот професор Константин Битраков, пак, говореше за придобивките од донесување на законот за организација и работа на органите на државната управа.

– Потребен е нов закон затоа што актуелниот постои 26 години и неколкупати е менуван и кога еден закон повеќепати е менуван, а е системски, тогаш мора да биде нивелиран целосно, односно да се донесе нов законски текст. Новиот закон е во реформската агенда, на која сме обврзани дека ќе донесеме нов закон и тоа се доволни цели земјата да пристапи кон нов закон што ќе добие поддршка во Собранието – истакна професорот Битраков.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците најавија и трета јавна расправа за предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.