Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Конески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарните, нула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги

Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек, стои во соопштението од денешната прес-конференција на Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат.

Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги.

Реклама

Почитувани. Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.