Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, МВР воспостави национална и локални контакт-точки

Со конституирањето на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со конституирањето на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите и воспоставувањето национална и локални контакт-точки во Министерството за внатрешни работи, државата прави значаен чекор кон зајакнување на институционалните механизми за заштита на новинарите и медиумските работници – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на првиот состанок на Комитетот.

Тој посочи дека формирањето на телото произлегува од определбата на Владата за системско унапредување на медиумските слободи и безбедноста на новинарите во согласност со препораките на Советот на Европа за заштита на новинарството и медиумските работници.

– Слободното и безбедно новинарство не е привилегија на новинарите, туку право и потреба на секое демократско општество. Новинарите се тие што поставуваат прашања во име на јавноста, откриваат неправилности и бараат одговорност – истакна Тошковски и нагласи дека напад врз новинар поради неговата професионална работа не претставува само напад врз поединец, туку и врз правото на јавноста да биде информирана.

Реклама

Според Тошковски, МВР во изминатиот период работело на јакнење на соработката со новинарските здруженија преку заеднички активности и обуки, како и на унапредување на капацитетите на полициските службеници за постапување во случаи на закани, притисоци и напади врз новинари.

Тој информира дека покрај националната фокална точка, воспоставени се и локални контакт-точки во сите сектори за внатрешни работи, како и посебна контакт-точка во областа на кибербезбедноста за побрза комуникација и реакција при онлајн закани и вознемирување.

Во обраќањето Тошковски потенцира дека заштитата на новинарите не може да биде одговорност на една институција, туку бара постојана координација меѓу полицијата, Обвинителството, судството, новинарските организации и другите надлежни субјекти. Министерот порача дека МВР ќе остане активен партнер во унапредувањето на безбедноста на новинарската професија и медиумските слободи.

Во име на Јавното обвинителство се обрати и раководителката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, која оцени дека формирањето на Националниот комитет претставува уште еден важен чекор во унапредувањето на заштитата на новинарите и слободата на изразување.

Таа потсети дека во 2022 година била назначена како прв јавен обвинител задолжен за следење на предметите поврзани со безбедноста на новинарите нагласувајќи дека тогаш, во соработка со новинарските здруженија, бил направен значаен исчекор во воспоставувањето механизми за евидентирање и следење на ваквите случаи во согласност со европските стандарди.

– Правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние што ќе се обидат тоа да го сторат мора да бидат идентификувани и санкционирани – истакна Хаџи Василева.

Според неа, измените на Кривичниот законик, со кои нападите врз новинари и медиумски работници се изедначени со нападите врз службени лица, во повеќе случаи овозможиле поефикасен кривичен прогон на сторителите.

Хаџи Василева предупреди дека и натаму загрижуваат онлајн заканите и заплашувањето, особено кон жените новинарки, оценувајќи дека токму затоа е важно активно учество на новинарските организации во работата на Комитетот.

Таа порача дека институционалната заштита мора да биде достапна за сите новинари и медиумски работници без селективност и дека само преку координирана работа и доследна примена на мерките може да се обезбеди средина во која новинарите ќе работат слободно и без страв.

Раководителката на кампањата на Советот на Европа, „Новинар(к)ите се важни“, Родика Чокина, го поздрави формирањето на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во претворањето на европските стандарди во конкретни национални механизми за заштита.

Таа истакна дека безбедноста на новинарите не е само прашање на една професионална група, туку прашање на демократијата, јавната доверба и владеењето на правото.

– Заканата кон новинар не е закана само кон едно лице. Таа може да ги обесхрабри и другите новинари да истражуваат, да поставуваат тешки прашања и да известуваат за чувствителни теми. Кога новинарите се плашат да известуваат, јавноста го губи правото да биде информирана – нагласи Чокина.

Според неа, вистинскиот успех на Комитетот нема да се мери според бројот на состаноците, туку според тоа дали новинарите ќе знаат кому да му се обратат кога ќе се соочат со закани, дали ќе добијат навремен институционален одговор и дали ќе имаат доверба дека нивните случаи нема да бидат игнорирани.

Чокина потсети дека Македонија веќе направила важни чекори во оваа област, вклучително и измените на Кривичниот законик во 2023 година и зајакнатата соработка меѓу институциите и новинарските организации додавајќи дека Советот на Европа ќе продолжи да ја поддржува земјата во креирањето побезбедна средина за работа на медиумските професионалци.

Во обраќањето на конститутивната седница на Комитетот, раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, оцени дека формирањето на Националниот комитет е чекор кон создавање побезбедна и поповолна средина за работа на новинарите во земјата.

Тој истакна дека безбедноста и сигурноста на новинарите се основен предуслов за функционирањето на демократијата и потсети дека новинарите мора да може слободно да си ја вршат својата работа без страв од закани и напади, без разлика дали тие доаѓаат од физичкиот или од дигиталниот простор.

Тој ја поздрави подготвеноста на институциите да работат на акцискиот план за заштита на новинарите за периодот 2027 – 2030 година нагласувајќи дека успешноста на новоформираниот комитет ќе се мери според конкретните резултати, подобрената институционална координација и реалното подобрување на условите во кои работат новинарите.

Солдатов изрази благодарност до Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Делегацијата на Европската Унија, новинарските здруженија и граѓанскиот сектор за придонесот во воспоставувањето на механизмот оценувајќи дека Комитетот има потенцијал да прерасне во ефикасна платформа за справување со сегашните и идните закани со кои се соочуваат новинарите.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: