Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Свет

Роднини на заробените Македонци на крузерот молат за информации, властите се уште молчат

Тројцата Македонци што поради корона вирусот се заробени на „затворот на вода“,…

Сподели:

Тројцата Македонци што поради корона вирусот се заробени на „затворот на вода“, засега не се заразени. Тие се вработени на бродот, а не туристи, тврди велешанка, роднина на една од нив. Во моментот се грижат за оние кои веќе го фатиле вирусот, вели тетката на една од Македонците кои се заглавени среде море.

Таа се обрати до редакцијата на Алфа но побара да остане анонимна. Моли здравствените власти да излезат со детали.

– Мојата внука е една од тројцата Македонци кои се наоѓаат на крузер во Јапонија. Тие не се заразени, проблемот е што тие ги служат болните. Во карантин ќе бидат до 19 февруари. Постојано сме во неизвесност како ние домаќините, така и оние на бродот, па Ве молам да исконтактирате со министерстввото за здравство, пишува таа.

Реклама

Македонката тврди дека до вчера бројот на заразени од корана вирусот стигнал до 41 заболен и постојано расте, но за уште стотина се чекаат резултатите.

Потврда дека има Македонци на бродот стигна пред неколку дена, а повеќе од 48 часа, здравствените власти немаат никакви детали. Алфа стапи во контакт и со министерот за здравство, но барем за сега одговор нема.

Крузерот „Дајмонд Принцес” со 3.700 патници е ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама и беше откриен случај на заболен помеѓу патниците.

Освен овој, во Азија има уште два крузера во карантин поради појава на коронавирусот. Оттаму постојано стигаат аларми од патниците дека наместо одмор од сништата, патувањето им се претворило во заробеништво и хорор, заробени среде море.

Борис Грујоски