Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се навикне на нормално функционирање на институциите

Талогот од СДСМ да се навикне на нормалното и редовно функционирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот од СДСМ да се навикне на нормалното и редовно функционирање на институции, секој кој работи согласно закон и прописи нема од што да се плаши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се буни, СДСМ треба да се навикне на функционирање на институциите.

Девастираните институции кои ги остави СДСМ по седумгодишната власт, полека се консолидираат и почнуваат да функционираат.

Реклама

Ама тоа изгледа не им се допаѓа на талогот во СДСМ, затоа што тие се навикнати само да седат во фотелјите, да уживаат во бенефициите кои ги им ги нудат позициите, а неработењето или, пак, лошото работење никој да не им го провери.

Затоа што тие така се навикнати, државата и државните институции ги сметаат за свој пашалук.

Но, тоа време заврши.

Институциите постапуваат и мора да ги извршуваат работните активности за кои се плаќаат од парите на граѓаните.

Предавничката СДСМ и остатокот од нивниот талог не треба да се плаши од редовните контроли и инспекциски надзори, вклучително и на Државниот просветен инспекторат, ако работеле и работат согласно закон и прописи.

И освен што шират дезинформации и клеветнички лаги, какви докази даде СДСМ за тоа што го зборува?

Институциите мора да работат професионално и независно, без притисоци од партиски говорници.

За разлика од времето на власт на предавничката СДСМ која со разни програми го уништи образованието, ги понижи просветните работници и учениците со години ги остави без учебници, сега ситуацијата е поинаква.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, образованието е на врвот на приоритети, ги покачи платите и го врати достоинството и сигурноста на наставниците, учениците секој 1 септември ги имаат сите учебници на училишните клупи, образовната инфраструктура се подобрува и модернизира.