Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев откри „нова криза“ – селската чешма во Кривогаштани

Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани. Пуштија СДСМ со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако претходно како министер за здравство премолче 400 извештаи за загадена вода и не мрдна со прст, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Посочи дека и за ова е криво ВМРО-ДПМНЕ, зошто сигурни сме дека ако беше на власт СДСМ од селската чешма во Кривогаштани ќе течеше млеко.

Но она што е симптоматично и дискутабилно е, впрочем, улогата на СДСМ во ширењето на дезинформации и паники, и нивното занимавање со хибридни напади.

Реклама

Лани ова време редовно беа запалени депониите Вардариште и Дрисла. Оваа година нема пожари, затоа што нема локални избори.

Пироманите од СДСМ се фатија со друга задача.

Оваа година талогот од СДСМ се зафати со ширење на нова хистерија – загадена вода на селска чешма во Кривогаштани, откако претходно ширеа хистерија за водата во Скопје и Гостивар.

Додека Филипче се занимава со селската чешма во Кривогаштани, Македонија мора да оди напред и покрај незрелоста на СДСМ и Венко Филипче.