Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Македонската економија бележи добри резултати и покрај силната светска економска и енергетска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија бележи добри резултати и покрај силната светска економска и енергетска криза. Досегашното менаџирање во државава придонесе инфлацијата за претходниот месец да биде нешто над два проценти, со што Македонија ја сместува меѓу најдобрите европски држави кои се справиле со економските предизвици. Споредбено со кризата од 2022, кога запопчна војната во Украина и оваа сега со војната на Блискиот исток, покажува дека решенијата кои сега се преземаат придонесуваат граѓаните да не почуствуваат толкаво поскапување како пред четири години.  

“Во Македонија инфлацијата на годишно ниво цените нсе зголемени за 2,3%,а цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8%. Просекот во ЕУ е 2,9 – 3%, ЕУ е нашиот најголем трговски партнер, а се сеќавата во онаа влада во 2022 на СДСМ и ДУИ кога имавме двоцифрена инфлација која стигаше и до 20 проценти, не убедуваа дека била увезвена, а тогаш просекот во ЕУ беше два пати помал одинфлацијата  кај нас, а сега кај нас е два пати помал од просекот во Европа“, изјави Мицкоски

Премиерот Мицкоски вели дека државата се наоѓа меѓу земјите во Европа која најдобро менаџирла со кризата. Тоа го покажуваат споредбените податоци со дел од земјите во поширокиот регион.

Реклама

„Ако анализираме 12 земји во регионот почнувајќи од Словенија, БИХ, хрватска, Црна Гора, Албанија, Србија, Грција, Турција, Македонија, сите земји анализирајте ги овие двавесеттина, во истиот месец јули 2022 цамо три земји биле позади нас, а во тоа време Турција, Ромаија и Бугарија. Сега сме втори, ако тогаш сме биле девети сега сме втори. Тоа е разликата меѓу оваа и таа Влада. Тогаш во јули месец инфлаицјата би ла 14,7%, сега е 23%. “, дополни Мицкоски

Претходно, податоците од државниот завод за статистика покажаа дека цените во маркетите на храната и пијалоците дури и поефтиниле за над еден процентен поен во месец јули. Од Mинистерството за економија и труд констатираа дека храната поевтинува втор месец по ред. За министерството за финансии, намалувањето на инфлацијата е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата. Надлежните неколку пати најавија дека доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушување на пазарот, ќе реагираат навремено и ќе ги искористат сите механизми што стојат на располагање за заштита на куповната моќ на граѓаните.