Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Tоп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Неколку месеци полицијата го следела трагoт што ги однесе до 324 килограми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку месеци полицијата го следела трагoт што ги однесе до 324 килограми марихуана и разби организирана група за наркотици која делувала во целиот регион. Македонската, косовска и грчката полиција истражувале, разменувале оперативни инфромации и координирано уапсија двајца членови од мрежата во Солун, по еден од Македонија и Косово. Дрогата била добро сокриена во осум палети со хартија, сместени во приколка од камион.

Претсеси се правеле на повеќе локации, а се собирале и докази за евентуално и други вмешани во трговијата со наркотици.

  • „Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во попладневните часови Одделот за криминалистичка полиција изврши претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица, како и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело“, наведува ОЈО ГОКК.

Поради тоа што истрагата се уште трае, полицијата не споделува детали, ниту за бројот на останатите опфатени луѓе, начинот на дејствување на групата. Се уште се истражува не само во Македонија туку и во Косово.

Реклама
  • „Акцијата претставува уште една потврда за решеноста на македонската полиција да се спротивстави на организираниот криминал и меѓународната трговија со наркотици, преку сериозен и професионален пристап, оперативна работа и брза размена на информации со меѓународните партнери“, вели МВР.

Изминатиот период македонската полиција спроведе неколку акции за разбирање на криминалните мрежи кои оперираа на македонска територија. За добар дел од нив веќе се изречени и затворски казни. Пресечени беа и повеќе канали за шверц на дрога преку Македонија кои воделе до Турција и Бугарија. Последната заседа на Тигрите беше во април годинава кога на Градско беа запленети 65 килограми дрога.

Полицијата редовно тресе и по македонските градови па така речиси секојдневно можат да се видат уапсени со одредена количина на наркотици.