Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Tоп

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Истрагата за загадената вода во Гостивар може да се прошири и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за загадената вода во Гостивар може да се прошири и на други лица. Покрај тројцата досега осомничени, одговорност може да има и кај други, доколку истрагата утврди кој се вмешал прсти и дозволил водата во Гостивар да биде „растворена“ со фекалии. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за безбедноста на водата надлежни се Јавното комунално претпријатие и локалните власти, а истрагата на Обвинителството и МВР треба да покаже кој се направил пропуст. Тој смета дека критиките од СДСМ се погрешно избрана стратегија, но порача дека опозициската партија сама треба да процени како ќе настапува политички.

  • „Зачуден сум зошто за првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Мислам, кога зборувам ‘зачуден’, тоа го кажувам иронично, бидејќи нормално е дека истата политичка партија нема да го спомене него, бидејќи го поддржа за време на локалните избори“, рече Мицкоски.

Премиерот побара од СДСМ да ги повикаат на одговорност и функционерите од нивната коалиција кои во минатото не постапиле по извештаите за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини.

  • „Во минатото има и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија, како Прилеп, Крушево и така натаму. Кога некои други биле министри, кога некои други биле директори, не поднесат против нив. Зошто против нив не поднесат? Бидејќи тие ништо не преземале“, рече Мицкоски за поднесената кривична пријава од СДСМ.

Според премиерот, кој беше на увид на изградбата на првата фаза од фекална канализација во Идризово, актуелната Влада реагирала веднаш по добивањето на информациите за небезбедна вода за пиење во Гостивар, преземала мерки за прочистување на системот, по што водоснабдувањето повторно било вратено под надлежност на Општина Гостивар и комуналното претпријатие.

Реклама

Досегашнаната истрага ги сомничи вд директоротка на Комуналец во Гостивар, Артана Асани, технички реководител Леон Мизини и одговорниот на одделението за водоводот Вадедин Даути за тешки дела против животната среда и природата придизвикани со дејства на загадување на водата за пиење. Анализите покажале дека водата била загадена во бактерии 48 пати над дозволеното.