Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Излезе од печат 102-от број на „Преспа”, првиот печатен медиум на  македонски јазик во Албанија

Излезе од печат 102-от број на првиот печатен медиум на  македонски јазик …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излезе од печат 102-от број на првиот печатен медиум на  македонски јазик  „Преспа“, гласило на Македонците во Албанија, кое повеќе од три децении придонесува кон зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет. 
 
Првиот број на „Преспа“ е објавен во 1994 година. Од тогаш до денес, весникот претставува значаен медиумски простор за информирање на македонската заедница во Албанија и за негување на македонскиот пишан збор. 
 
-Основач и прв главен уредник на весникот беше покојниот Спасе Мазенковски, кој со својата долгогодишна посветеност остави значаен белег во македонското новинарство во Албанија. Денес главен уредник на „Преспа“ е Ефтим Митревски, кој ја продолжува традицијата и мисијата започната пред повеќе од три децении, објави весникот „Македониум”, кој има само електронско издание.

Додава дека објавувањето на 102-от број е уште една потврда за истрајноста на весникот и неговата важност за македонската заедница во Албанија. 
 
Објавувањето на 102-от број претставува значаен момент и потврда дека „Преспа“ продолжува да опстојува како важен печатен медиум на Македонците во Албанија. 
 
-Честитки за новиот број на „Преспа“ и благодарност до сите уредници, новинари, соработници и читатели кои низ годините придонесоа весникот да опстои и да продолжи да го чува и афирмира македонскиот збор во Албанија, посакува „Македониум”. 
 
И македонскиот весник „Илинден“, кој е втор печатен медиум на македонски јазик во Албанија, упатува искрени честитки по повод излегувањето на новиот број на „Преспа“, со желба весникот и понатаму да го чува македонскиот збор, да ја афирмира македонската култура и да биде мост што ги поврзува Македонците во Албанија со македонскиот јазик и традиција.